Игротека

Научниците работат на развој на вештачка матка: „Што ако жените никогаш повеќе нема да мора да раѓаат?“

Идејата за човечка ектогенеза – растење на фетусот во вештачка средина надвор од телото на мајката – отсекогаш била разгледувана на полето на научната фантастика, но очигледно нема да помине долго пред да стане дел од нашиот секојдневен живот.

Имено, научните достигнувања во оваа област во последните години прават големи чекори напред.

Научниците низ светот работат на развој на систем кој би имитирал вистинска матка. Целта е да се обезбеди грижа за екстремно рано родените деца кои не можат доволно успешно да се лекуваат во инкубатори бидејќи нивните органи, а особено нивните бели дробови не се целосно развиени.

Истражување на животни

Истражувањето досега е спроведено на предвремено родено јагне.

– Наместо папочната врвца, ставивме многу тенок катетер и на тој начин успеавме да ја пренасочиме крвта и да ја стимулираме размената на гасови кај плодот. Со други зборови, успеавме да го снабдиме фетусот со кислород без тоа да мора да го прават белите дробови – изјави д-р Метју Кемп, акушер и гинеколог од Националниот универзитет во Сингапур.

Првпат научниците успеаја да одгледуваат здрави ембриони на глувци во вештачка матка. Ембрионите биле извадени од матката на глувците на петтиот ден од бременоста, а потоа се одгледувале шест дена во вештачка матка. Во тој момент ембрионите биле на половина пат од нивниот развој бидејќи целосната бременост на глувците трае околу 20 дена. Притоа, тие се обиделе да набљудуваат како се формираат нивните органи, што е невозможно да се направи кога фетусот е во матката.

Научниците тврдат дека ќе бидат потребни уште најмалку десет години за да се тестира оваа технологија на луѓе.

– Работиме и на други животни кои имаат сличности со луѓето во однос на развојот на ембрионот. Еден од нив е зајакот и можам да кажам дека досега сме многу успешни, што е охрабрувачки и дава индикации дека тоа е можно и со луѓето. Ние и другите лаборатории се обидуваме да го докажеме тоа – вели д-р Џејкоб Хана, молекуларен генетичар од Институтот за наука „Вајзман“.

Франс ван де Восе, биомедицински инженер на Технолошкиот универзитет „Енидховен“, вели дека проектот на кој работат се нарекува „перинатална поддршка“.

Етички прашања

Но, авторката на литературната фантастика и криминалистичката фантастика, Хелен Сеџвик, која исто така работеше како биоинженер, верува дека ќе можеме да создадеме вештачки утроби во рок од една или две генерации и дека ќе доживееме сосема поинаков начин од она што значи раѓањето за нас и нашите животи.

– Може да се спасат предвремено родените бебиња или да се променат животите на луѓето кои на друг начин не би можеле да имаат деца, но се поставуваат други прашања. Ако технологијата ги замени традиционалната бременост и породувањето, кој ќе ја поседува таа технологија? Кој ќе ја контролира нејзината употреба? За кого ќе биде? Може да биде нешто што се форсира? Ако вештачките матки станат достапни за секого, сегашните улоги на половите ќе се сменат – истакнува Хелен.

Д-р Ана Смајдор, биоетичар на Универзитетот во Осло, вели дека поголемиот дел од нејзината анализа за идните бремености во вештачка матка се заснова на грижата за здравјето и благосостојбата на жените поради нивната потреба од медицински третман за време на бременоста и породувањето.

– Но, работите можат да одат и во друга насока. Сè уште живееме во свет каде што жените се под притисок да исполнат одредени норми и очекувања. Затоа, она што прави револуција не е самиот научен развој, туку одговорот на општеството на него – вели таа.

Д-р Џејкоб Хана, молекуларен генетичар од Институтот за наука „Вајзман“, забележува дека неговата работа како научник е да прави технологија и да им ја нуди на другите и дека тоа секогаш има цена, но главното прашање е колкава е користа од тоа.

– Што ако во иднина жените повеќе нема да мора да раѓаат? Ако ги прашате нив, секоја ќе одговори различно. Мислам дека тоа би било одлично. Важно е тоа да остане индивидуален избор – заклучи Сеџвик.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top