Многу поранешни студии покажале дека пиењето преголеми количини кафе во текот на бременоста може да влијае врз нероденото дете, без разлика дали се работи за неговото здравје, навиките за спиење или дури и за неговото однесување во подоцнежна возраст. Едно од многубројните истражувања покажало дека консумирањето големи количини кафе во бременоста подоцна може да доведе до проблеми во однесувањето кај децата.

Исто така, една норвешка студија потврдила дека бремените жени што пијат многу кафе и други пијалаци со кофеин имаат поголема веројатност да имаат дебели деца отколку мајките што го ограничуваат внесот на кофеин во текот на бременоста.

Научниците сега дошле до друго откритие кое, исто така, го поврзува влијанието на консумирањето кофеин во бременоста со подоцнежниот развој на детето, имено неговата висина. Според студијата објавена во „JAMA Network Open“, во која учествувале повеќе од илјада мајки, децата што биле изложени на кофеин пред раѓањето, биле во просек пониски од децата на трудниците кои не консумирале кофеин во бременоста.

„Се покажа дека децата чии мајки консумирале кофеин за време на бременоста биле пониски до четиригодишната возраст од оние деца чии мајки целосно избегнувале кафе или некои други препарати со кофеин додека биле бремени. Кога истите овие деца наполниле осум години, разликите во висината биле уште повидливи и зголемени“, објаснува водечкиот автор на студијата, Џесика Глисон.

Тој додава дека разликите во висината не биле премногу големи, но сепак доволно значајни за да се доведе во прашање консумацијата на кофеин во текот на бременоста, но и показател дека трудниците во иднина треба да ја намалат количината на кофеин на минимум.

Извор



912

X