Здравје

Научниците открија уште една придобивка од доењето

Доењето има многубројни предности за бебето, а потврдена е уште една што досега не беше позната

Бебињата што се хранат со мајчино млеко најмалку шест месеци имаат помалку бактерии што се отпорни на антибиотици во нивниот стомак (тоа значи дека кај нив антибиотиците полесно дејствуваат) покажала нова студија.
Шеќерот во мајчиното млеко ги храни т.н. добри бактерии, кои го спречуваат размножувањето на бактерии отпорни на антибиотици. Овие резултати, добиени во Финска, се уште една предност на доењето. Можеме да додадеме и цела низа причини зошто е добро да го доите вашето бебе (ако сте во состојба, се разбира).

Експертите предупредуваат дека отпорноста на бактериите кон антибиотиците е голем ризик за здравјето на луѓето бидејќи постојат сè повеќе бактерии што антибиотиците не можат да ги уништат.
Во студијата спроведена на Универзитетот во Хелсинки истражувачите ги анализирале гените на 16 мајки и нивните бебиња постари од осум месеци.
Резултатите покажале дека бебињата што биле доени најмалку шест месеци имаат помалку бактерии отпорни на антибиотици во стомакот во споредба со оне што биле помалку доени или воопшто не биле доени.
– Овие резултати укажуваат дека раниот прекин на доењето може да има негативно влијание врз здравјето на бебето – изјавија научниците.
Светската здравствена организација им препорачува на мајките да го дојат своето бебе најмалку шест месеци.
Научниците додадоа дека позитивен ефект од доењето е забележлив и кај бебињата што примале формула, како додаток на мајчиното млеко.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top