Ако сакате да го изберете најубавото име за вашето бебе, научниците би можеле да ви помогнат. Преку студија спроведена на Универзитетот во Бирмингем, тие открија кои имиња за девојчиња и за момчиња се најубави. Тие дошле до својот заклучок користејќи фонетика, лингвистичка дисциплина која ги проучува звуците, обрасците и структурите на човечкиот јазик и со оцена на имиња според тоа колку емоции предизвикале кај испитаниците.
Утврдено е дека името Софија е на врвот и во САД и во Велика Британија, додека првото место меѓу машките имиња го зазема Метју во САД, а Зејн во Велика Британија.
„Иако истражувањето сугерира дека некои имиња на бебиња звучат поубаво од другите, има и други фактори што играат улога, вклучувајќи ги и културните влијанија, полот и семејната историја“, објаснил вонредниот професор д-р Бодо Винтер, кој го спровел истражувањето.
Топ-10 женски имиња што звучат најубаво во САД:
-Софија
-Зои
-Еверли
-Софи
-Рајли
-Ајви
-Пејсли
-Вилоу
-Ели
-Емили
Топ-10 машки имиња што звучат најубаво во САД:
-Метју
-Џулијан
-Вилијам
-Ајсаја
-Лео
-Леви
-Џозеф
-Тео
-Ајзак
-Семјуел

Топ-10 најубави звучни женски имиња во Велика Британија:
-Софија
-Зои
-Рози
-Софи
-Ајви
-Фиби
-Вајолет
-Вилоу
-Хана
-Ели
Топ-10 најубави звучни машки имиња во Велика Британија:
-Зејн
-Џеси
-Чарли
-Луис
-Вилијам
-Фреди
-Џорџ
-Али
-Даниел
-Рајли