Не постои ништо слично како мирисот на бебе. Ниту еден родител не заборавил на слаткиот, суптилен мирис на бебето.

Истражувањето вели дека слаткиот мирис е дел од врската меѓу бебето и мајката. Всушност, истражување открило дека 90 отсто од мајките можат да го идентификуваат своето бебе по мирисот. И бебињата реагираат на мирисот на мајката. Тука постои вистинска врска, а кога жените (и оние кои биле мајки и оние кои не биле мајки) ги мирисале пижамите на бебињата, допаминските патеки во нивниот мозок се осветлиле, меѓутоа реакцијата била посилна кај жените кои биле мајки, откриваат научниците.

За мајките, овој мирис на бебе предизвикува бран на допамин. Оваа реакција е одговор на награда, нешто слично со она што се случува кога ќе добиете храна што сте ја сакале. На ист начин како што растењето на допаминот со употреба на дрога ги охрабрува луѓето да се дрогираат, така и растењето на допаминот со мирисот на бебиња, ги охрабрува луѓето да останат близу до нив.

– Резултатите покажуваат дека мирисот на новороденчињата несомнено има улога во развојот на мотивациските и емоционалните реакции меѓу мајката и детето, поттикнувајќи ја мајчината грижа како доењето и заштитата – вели Јоханес Франели, докторанд на Универзитетот во Монтреал, на Одделот за психологија, каде што се правело истражувањето.

– Врската меѓу мајката и детето е производ на еволуција преку природна селекција во средина каде таквата врска е од суштинско значење за опстанок на новороденчето – објаснува Франели.

Во еволутивна смисла, тој неверојатен мирис на бебе ги одржува бебињата во живот, а во физиолошка смисла, на мајките може да им помогне да се релаксираат.

Истражувачите од Одделот за клиничка невронаука во Каролинска институтот во Стокхолм испитуваат дали мирисот може еден ден да се користи за лекување од депресија.

30 жени мирисале малечки капи претходно носени од новороденчињата. Како што жените мирисале, така истражувачите го проучувале нивниот мозок со магнетна камера. Биле правени истражувања како што жените мирисале и други миризби.

Резултатите биле неверојатни: мирисот на капите што ги носеле бебињата влијаеле врз мозокот на жените исто како лековите што се користеле за лекување од ментални болести.

Истражувачите сега се обидуваат да соберат средства за експериментот да го пробаат со мажи, но се прилично сигурни дека резултатите ќе бидат исти. Истражувачите не знаат точно зошто нашите мозоци сакаат да мирисаат бебиња толку многу и забележуваат дека миризбата на новородените содржи околу 150 различни хемикалии, па се обидуваат да утврдат кои хемикалии ја предизвикуваат реакцијата.

Истражувањето е на почеток, но тимот се надева дека еден ден ќе биде создаден спреј за нос со мирис на новородено бебе, што ќе може да се користи за лекување на ментални болести, вклучувајќи ја и депресијата.



912

X