Научници развиле универзален тест за аутизам кај бебињата, за кој е доволно само едно влакно од коса. Тестот ги мери нивоата на метали, како што се олово и алуминиум, кои се повисоки кај аутистичните деца. Се покажало дека точно го предвидува аутизмот во 81 отсто од случаите, а резултатите од студијата се објавени во списанието „Journal of Clinical Medicine“.

Научниците го тестирале својот метод на прамени коса собрани од 220 јапонски деца кога имале околу еден месец. Резултатите потоа биле споредени со клиничката дијагноза на аутизам, направена кога децата имале околу четири години. Научниците откриле дека нивниот тест правилно го идентификувал аутизмот во 394 случаи (81 отсто од вкупниот број).

Резултатите беа опишани како „револуционерни“ од независни научници, а сега ги надгледува Американската агенција за храна и лекови (ФДА). Бидејќи не постои стандарден тест за оваа состојба, лекарите мора да се потпрат на развојната историја и однесувањето на детето. Затоа, аутизмот обично не се дијагностицира официјално до 4-годишна возраст во САД, а во Велика Британија просекот е шест години.

Тимот од њујоршкиот стартап „Линус био“ вели дека нивниот тест треба да се користи во комбинација со други методи, а не самостојно, но тие забележуваат дека може да помогне да се скрати дијагностичкиот развој.

„Можеме да откриеме аутизам со само еден сантиметар коса. Проблемот е што тој се дијагностицира дури на четири години, а дотогаш мозокот веќе поминал низ значителен развој. Со нашиот тест сакаме да овозможиме рана интервенција“, изјавил коосновачот на компанијата, Маниш Арора.

За тестирање, научниците прво користат ласер за отстранување на површинскиот слој на косата. Вториот, помоќен, ласер потоа ги комплетира мерењата на 650 точки по должината на косата.

Супстанциите поврзани со аутизмот потоа се проверуваат, вклучувајќи метали како олово, кадмиум, арсен, цинк и бакар. Претходните истражувања откриле повисоки нивоа на сите три елементарни метали во косата на децата со аутизам. Истражувачите не се сигурни зошто е тоа така, но шпекулираат дека можеби е поврзано со генетски фактори или изложеност на супстанции од околината. Резултатите потоа се внесуваат во компјутерска програма која бара обрасци што укажуваат на аутизам. Системот е развиен врз основа на студии спроведени на стотици луѓе во Шведска и САД.

Извор



912

X