Нова студија на министерството за животна средина во Германија и Институтот „Роберт Кох“ заклучува дека 97 проценти од примероците на крв и урина собрани од 2.500 деца на возраст од 3 до 17 години, покажуваат токсични нивоа на пластични нуспроизводи.

Резултатите се вознемирувачки, а покажуваат дека децата – особено оние во годините на развој – се изложени на безброј извори на пластика, од играчки до мебел.

– Нашата студија јасно покажува дека користените пластични состојки, кои се во пораст, многу почесто се забележуваат во телото. Уште повознемирувачки е фактот дека најмладите деца, најчувствителната група, се најпогодени – вели Марике Колоса-Гехринг, коавтор на студијата и токсиколог во германското министерство за животна средина.

Резултатите од студијата сè уште не се целосно објавени.

Истражувачите барале траги од 15 пластични нуспроизводи. Некои од нив немаат здравствено-критички граници во Германија. Два од нуспроизводите имаат граници поставени од германската влада, а кај двата биле надминати во примероците што ги испитувале научниците.

За една од идентификуваните хемикалии, перфлуороектаинска киселина, често користена во производство на облека и тави без дршка, е откриено дека е канцерогена, при испитувања извршени врз животни. Европската Унија донесе одлука за целосна забрана на супстанцијата, која ќе стапи во сила во 2020 година.

Истражувачите ќе продолжат да анализираат како точно овие нуспроизводи влегуваат во човечкото тело.

Автор: Виктор Тангерман



912

X