Воспитување

Научете го љубовниот јазик на вашите деца

Понекогаш родителите и нивните деца едноставно не се поврзани. Имено, не се сите добри со зборовите и не можат сите да ги изразат своите чувства. Децата можеби дури и не разбираат во целост какви се нивните чувства, па задача на родителите е малку да ја истражат детската психологија и да дознаат како да дојдат до срцето на своето дете. Една корисна работа што родителите може да ја научат е љубовниот јазик на своите деца. Мартсела Колиер тврди дека нејзината желба да научи да го зборува љубовниот јазик на своите деца ѝ го променила животот. Марсела има близнаци и е сертифициран тренер за позитивна дисциплина. Таа им помага на луѓето што имаат деца помлади од 5 години за ги сфатат однесувањето и потребите на своите деца.

Им помогнала на илјадници родители преку едукативни часови за родители, работилници и програмата „Родителство со разбирање“, како и на милиони луѓе на „Тик-ток“ каде што делела совети за родителството. Видеото што неодамна го објави се истакнува бидејќи е прегледано од над 3,1 милиони луѓе.

Секојдневното зборување на љубовниот јазик на нејзините близнаци ѝ го променило животот

Корисник на „Тик-ток“ ја прашал: „Која е таа навика или работа што си ја започнала и целосно ти го променила животот?“ Одговорот на Марсела бил – создавање навики за зборување на љубовниот јазик на моите деца. Поимот љубовен јазик првпат го претставил Гери Чапман во 1992 година во книгата „Пет љубовни јазици: како да се изрази искрената предаденост кон својот пријател“. Тоа е прилично популарна теорија која направила чуда за Марсела. Марсела тоа самата го дознала кога во текот на терапија на деца со трауми, барала ресурси кои би ѝ помогнале да сфати кои се детските емоционални потреби. Тогаш пронашла истражување од доктор Вилијам Гласер, кој објаснува дека секое однесување е комуникација на една од нашите пет основни човечки потреби. По ова научила сè за љубовните јазици од гореспоменатата книга на Чапман. Во виралното видео Марсела вели дека треба да го гледа љубовниот јазик на своите деца на начин на кој ќе забележите како тие бараат љубов, но тоа никогаш не го изговараат, особено ако се малечки. Марсела тврди дека не можете да очекувате дека детето ќе цени сè што правите за него ако неговиот љубовен јазик не е дело на служење.

@highimpactclub

#stitch with @net.positive #lovelanguages #gentleparenting #parentingwithunderstanding

♬ SUNNY DAY – Matteo Rossanese

Нејзиното запазување е дека кога родителите не го знаат љубовниот јазик на своите деца, се случува целосно неразбирање. Децата ги комуницираат своите потреби со однесување повеќе отколку со зборови, а ако родителите не знаат дека секое однесување е комуникација за потреба, тогаш тоа однесување го толкуваат како личен напад или тест. Таа, исто така, дава пример како може да се изрази потребата за одреден љубовен јазик. Го прашала својот син Санти како знае дали мајка му го сака, а неговиот одговор бил – затоа што се заедно. Тоа значи дека неговиот љубовен јазик е квалитетното време.

Советот на Марсела за родителите е: „Вашето дете нема да се чувствува сигурно во постигнувањето независност додека не се чувствува поврзано со вас. Често зборувајте го љубовниот јазик на детето и ќе видите дека детето нема да ви биде толку приклонето бидејќи неговата потреба за припадност ќе биде задоволена. Исто е и со другите однесувања (пркосење, агресија, лажење).

Како децата бараат љубов?

Секое дете ќе бара љубов на различни начини и поголемиот дел од времето тоа ќе биде со неговото однесување бидејќи не може своите емоции да ги преточи во зборови. Подоцна Марсела објавила уште едно видео во кое објаснува кои се петте љубовни јазици и кои знаци треба да се бараат во детското однесување за да се открие кој е неговиот. Па така, ако детето од вас побара да направите нешто за него што навистина и самото знае да го направи, тоа може да е неговиот љубовен јазик – дело на служење. Ако ве прашуваат децата да им се приклучите во нивните активности, можно е квалитетното време да е нивниот љубовен јазик. Ако децата ви го „напаѓаат“ личниот простор или сакаат да ви седат на нозе, тоа може да значи дека копнеат по физички допир. Ако забележите дека детето често ви покажува што може или како ги завршува своите работи, можеби неговиот љубовен јазик е зборот за потврда. Последниот љубовен јазик е дарувањето, а вие можете да утврдите дали е тоа јазикот на вашето дете ако тоа многу цврсто ги држи работите, до таа мера што оди да спие со нив или разговара со божиќните подароци.

@highimpactclub

#toddlermom #gentleparenting #fyp #positiveparenting #momontiktok #parentingtips

♬ Up – Movie Theme – Giampaolo Pasquile

Добар начин да дознаете кој е љубовниот јазик на вашето дете е набљудувањето како ја изразува љубовта кон другите. Тоа би можело да биде дарување ситници, прегратки или готвење чај, бидејќи не може секој да опише што чувствува или кога се чувствува добро. Се разбира, љубовните јазици се корисни во сите видови врски и навистина може да ги подобрите кога знаете што морате да направите за другата личност да се чувствува сакана.

Автор: Јургита Доминаускаите

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top