Воспитување

Научете ги децата правилно да ги трошат парите

Повеќето родители сакаат да одгледаат деца што ќе ја разбираат вредноста на парите – но лекциите за парите може да бидат незгодни

Колку подолго чекате за да разговарате со нив, толку потешко станува. Најдобриот начин за стекнување здрави навики поврзани со парите е децата да се водат од примерите на самите родители. Тоа значи дека родителите треба да избегнуваат долгови и да штедат повеќе за да им покажат на децата дека штедењето е важно во животот. Учењето на децата за основите на парите – од претшколска возраст кога тие молат да им се купи нешто од продавница, до тинејџерска возраст кога се бара повисок џепарлак, е многу важно и ќе се исплати доколку правилно знаете како да ги пренесете пораките.

Претшколска возраст

Воведете им го концептот за заштеда за да им помогнете да направат избор. Можете да го искористите тестот со манчмелоу. На децата им се кажува дека не треба да ги јадат колачињата кога возрасните ќе излезат од собата. Ако не ги изедат, тогаш ќе добијат уште едно манчмелоу. Давањето можност на децата рано да донесуваат одлуки е одличен начин да ги научите на вредности. Околу 80 отсто од децата учат да си го одвлечат вниманието од помислата да го изедат манчмелоуто, но секогаш постојат две деца што ќе го изедат во минутата штом возрасните ќе излезат од собата.

Основно училиште

Почнете да им давате џепарлак за да ги научите што значи да имаат пари и какви работи можат да купат со нив. Прво почнете со скромна сума додека да научат колку пари добиваат, а подоцна зголемете ја и потенцирајте им дека треба да штедат. Експертите препорачуваат да му помогнете на вашето дете да ја отвори својата прва банкарска сметка уште кога ќе почне на училиште.
На децата дајте им примери за сопствено финансиско носење одлуки за да ги научите на разликата помеѓу нешто што им треба и нешто што сакаат. Речете: „Ова е нешто што го сакав, но морав да почекам за него“.

Средно училиште

Независноста треба да донесе поголема одговорност, а тинејџерите подобро можат да ги препознаат трошоците за кои родителите долго време биле одговорни. Можете да ги охрабрите да почнат да ја бараат нивната прва работа, меѓутоа, тоа треба да е нешто полесно и во текот на летото: чување на детето на соседите, косење на тревникот на соседите, фотографирање. Доколку не добиваат голем џепарлак или не се доволно возрасни за работа, не е фер да им дадете да ја платат сметката од телефон. Можат да почнат со плаќање на парчето пица што го порачале или сокот кога излегле со пријателите. Сепак, експертите се строго против давање на кредитната картичка на децата.

Факултет

Иако 20-годишниците може да сфатат покомплексни финансиски прашања, оваа возраст всушност може да биде најкомплицирана за советување. Тешко е за родителите да седат и да не преземаат ништо додека нивните деца доживуваат неуспех. Секако, не постои причина зошто да не им помогнете на вашите деца, додека постојат јасни упатства – треба однапред да имате план за тоа како ќе придонесувате.
Добро би било и ако вашите деца со мал износ придонесуваат во трошоците. Тоа што ќе плаќаат за нешто значително ќе им помогне да чувствуваат дека инвестирале.

Зрелост

Потребно е да ѝ одолеете на потребата да ги спасите додека ги прават првите независни финансиски чекори, како што се изнајмување сопствен стан, купување автомобил и слично. И откако ќе сфатат дека повеќе нема да им купувате работи, работата и платата ќе им станат многу важни.
Разговорот за вашата плата со децата е лична одлука, но разговорот за буџетирањето и за тоа како донесувате одлуки за трошење, штедење, инвестирање и давање може да почне уште на мала возраст.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top