За да можат да водат среќен живот како возрасни, добро би било уште на мала возраст да им помогнете и да им покажете на децата дека финансиските термини не се досадни и премногу комплицирани – на тој начин тие ќе донесуваат паметни финансиски одлуки.

Голем дел од младите луѓе во текот на нивните дваесетти години прават грешки бидејќи не знаат како да управуваат со пари. Иако повеќето од родителите велат дека се обиделе да ги научат своите деца на вредноста на парите, децата не сфатиле. Но, родителите не сфаќаат дека една од суштинските лекции е децата да направат разлика помеѓу „потребно нешто“ и „сакам на овој начин да ги потрошам парите“.

Дури и петгодишните деца можат да го сфатат овој концепт. Учењето како да се одложи задоволството е лекција што ќе трае цел живот. Но, учењето на децата за кредитите и како парите можат да се зголемат кога се штедат или инвестираат може да биде малку потешко за спроведување. Сепак, постојат паметни начини како да ги започнете овие теми во текот на годините, а тоа можете да го направите низ многу разговори и активности. Не станува збор за дискусија што ќе ја направите еднаш засекогаш, туку со постојано повторување.

Искрено, во денешно време, без оглед дали станува збор за вашите деца или внуци, тие постојано учат од вашите акции. Тие ве гледаат и гледаат како управувате со парите – дури и тогаш кога не сфаќате дека ве гледаат.

Колку порано една личност ќе почне да учи за штедењето и инвестирањето на парите, толку подобра ќе биде во планирањето. Основната финансиска писменост е толку лесна и лесно се учи, што може да направи голема разлика во животот на младите луѓе, со мал напор од страна на родителите.

Дури и децата на предучилишна возраст можат да ги сфатат основните концепти поврзани со парите, како трошењето и штедењето, а истражување од Универзитетот „Кембриџ“ потврдува дека навиките поврзани со парите кај децата се формираат до нивната седма година. Со други зборови, време е да го почнете разговорот.

 



912

X