Наставниците се многу важни личности во животот на вашето дете, затоа е многу важно со нив да изградите добар однос – да бидете „на иста страна“ и меѓусебно да се поддржувате.

Што е тоа што на наставниците им е потребно од страна на родителите за нивниот однос да биде квалитетен, открива еден просветен работник.

1. Доверба

Ние сосема ве разбираме. Кога му го оставате вашето дете на некој што едвај го познавате, и да верувате дека ќе биде безбедно и сакано, не е едноставно. Но, ние го сакаме тоа што го работиме. Го работиме ова затоа што ги сакаме децата – вашите деца. Ние го сакаме најдоброто за секое дете и со радост им ги задоволуваме потребите и им ги исполнуваме желбите.
За возврат, ние нема да ги осудуваме вашите методи за воспитување. Кажете ни што се случува во вашиот дом и кои успешни методи за воспитување ги употребувате вие. Сакаме да знаеме како нашите ученици живеат надвор од училницата. Ова ни дава можност да се поврземе и со вас и со вашето дете, и на крајот да утврдиме дали нешто недостига. Колку сме поповрзани, толку ќе биде поголема довербата.

2. Почитување

Вие сте првиот и најважен учител на вашето дете. Ако сакате вашето дете да ме почитува, тоа најдобро ќе го научи од вас. Кога ќе влезете во училницата, најдобро би било ние двајцата да направиме контакт со очите, да се поздравиме и доколку е можно, да поразговараме. Исто така, ние ќе покажеме почит не само кон вас, туку и кон вашето дете.

3. Комуникација

Најдобро е да се договориме и да разговараме за сè што е важно во врска со вашето дете. Ако на детето му се случило нешто надвор од училиштето, тоа ќе влијае врз сè друго. Кога детето се соочува со стресни ситуации, тоа е основен фактор на односот помеѓу нас и детето.
Раскажете ни за стресната ситуација што би можела да му влијае на детето, може да е тоа преселба или смртен случај во семејството. Дури и кратка е-порака за менталната состојба на вашето дете многу би ни значела. Тоа ќе ни помогне проблемот да го решиме брзо и ефикасно.
4. Отвореност

Прашањата се секогаш добредојдени, но и критиките. Ако не се согласувате за некои работи што ние ги применуваме, најдобро е за тоа да разговараме.
Знам дека е тешко, но пробајте да разберете дека ние работиме со околу 30 семејства, па невозможно е секој од нив да биде задоволен цело време. Ние всушност не се ни обидуваме да го направиме секое семејство среќно, туку на најдобар начин да се договориме и да ги спречиме потенцијалните проблеми.

5. Благодарност

Замислете ја просторијата полна со гладни, поспани деца кои имаат потреба да ги изразуваат своите емоции преку врескање, плачење, смеење.
Кога ќе ми кажете „ти благодарам“, тоа многу ми значи.

 



912

X