Наставник од Јужна Дакота стана популарен на интернет затоа што ѝ помогнал на својата ученичка со домашната работа, притоа почитувајќи ги мерките за социјално дистанцирање.

Минатата недела 12-годишната Рајли Андерсон имала проблем со задачата по математика. Бидејќи нејзините родители не биле дома да ѝ помогнат, таа му испратила е-порака на наставникот по математика Крис Ваба и му побарала помош. Тој веднаш ѝ испратил упатства како да ја реши задачата, но знаел дека таа сепак нема да успее.

Затоа, тој зел табла и се упатил кон нејзината влезна врата за да ги илустрира упатствата и ѝ одржал 10-минутен час по математика.

– Подобро комуницирам лице в лице отколку на телефон, а мислам дека и учениците така учат подобро. Наставниците се најдоа во оваа лоша ситуација. Мислам дека на сите ни е поудобно кога сме во училниците, пред нашите ученици – вели тој за Си-ен-ен.

Илјадници интернет-корисници на социјалните медиуми го пофалија наставникот за неговата посветеност, но тој инсистира дека тоа е само дел од работата.

– Тоа е она што сите наставници го сакаат и го бараат, насмевките на учениците. Тоа е радоста во нашата професија и токму поради тоа го работиме ова – вели тој.

 

Извор



912

X