Наставниците се суперхерои. Тие им го посветуваат целото свое време и внимание на своите ученици и им ги менуваат животите.

Наставничка од Мелбурн, Австралија, ја покажала својата посветеност кон своите ученици правејќи кадифени играчки инспирирани од цртежите на нејзините ученици. Изработките им ги дала на крајот од учебната година.

Рид Паркер, таткото на еден од учениците што добиле играчка, ја споделил играчката на интернет, па така интернет-корисниците се воодушевиле од целата приказна.

– Постојат наставници кои прават неверојатни работи за своите ученици. Да се биде возрасен што ќе ги слуша своите деца е доволно за да се подобри животот на детето – напиша тој.



Извор



912

X