Додека повеќето родители се барем малку вознемирени што училиштата се затворени поради пандемијата на коронавирусот и им се потребни тие неколку часа без своите деца, луѓето ретко сфаќаат колку многу причини за вознемиреност имаат наставниците. Не само што треба целосно да ги променат своите навики и да се приспособат на онлајн-наставата, туку ним, исто така, им недостигаат учениците.

Наставничка во основно образование во Холандија покажала дека ѝ недостигаат учениците на креативен и интересен начин – сплела малечки куклички кои ги претставуваат сите 23 ученици од нејзиниот клас.

Идејата да не се оди на училиште за многу деца на почетокот беше одлична, но за кратко време на дечињата почнаа да им недостигаат пријателите и наставниците, како и можноста да си играат надвор за време на големиот одмор.

Ингеборг Меинстер – ван дер Дуин, наставничка во училиштето „Д-р Х. Бавинк“ во Холандија, била многу вознемирена што повеќе не ги гледа своите ученици секој ден.

– Толку брзо се затвори училиштето. Тоа беше голем удар за мене. Децата веќе не беа на училиште. И многу ми недостигаат – вели таа.

Ингеборг одлучила да стори нешто во врска со тоа и ја добила оваа неверојатна идеја – да сплете мали куклички кои ќе ги претставуваат сите 23 ученици од нејзиниот клас. Видела слични такви кукли на „Пинтерест“. За секоја кукла направила и облека – момчињата што сакале темна облека си добиле темни блузи, а девојчињата си добиле џемпери какви што сакаат. Дури мислела и на очила и на пегите. Ингеборг потрошила од 3 до 4 часа за секоја кукла.

фото: boredpanda.com

Наставничката ги направила куклите со толкаво внимание и насоченост кон деталите, што децата веднаш можеле да кажат кој е кој кога им ги покажала. Единственото прашање од децата било каде е куклата што ја претставува Ингеборг? Па затоа таа потрошила уште неколку часа во плетење и си направила мала кукличка од себе.

– Следната година ќе направам куклички и за следниот клас. Колегите ме прашаа дали сакам да го сторам истото и за нивните класови. Но, навистина немам толку време – истакнала таа.

фото: boredpanda.com

Кога децата дошле на училиште за да ги соберат работите што ги оставиле пред пандемијата, таа имала шанса да ги види своите сакани ученици и им ги дала куклите. Секоја кукла е долга 10 сантиметри.

фото: boredpanda.com

Луѓето сметаат дека нејзината идеја е преслатка.

„Каква посветеност. Ова е љубов“, „Мислам дека ова е многу креативно и слатко!“, „Колку прекрасно, каква врска имате со учениците! А можеби и да започнете бизнис? Куклите се совршени!“, „Децата ќе ги обожаваат куклите, како и нивната наставничка, која покажува грижа и љубов за своите ученици“, „Можам да замислам колку работа и труд се посветени за ова дело! Неверојатно!“, „Колку убава идеја на наставник. Имате одлични ученици“, се дел од коментарите што луѓето ѝ ги упатиле на наставничката.

Автор: Џудита Кусаитајте

Извор



912

X