Игротека

Ако им дадам домашно, кога ќе имаат време да бидат деца?

Сите знаеме дека тинејџерството и адолесценцијата се тешки периоди во животот. Воопшто не е лесно да се биде тинејџер. Непотребно е да се каже дека моменталната состојба со пандемијата не им го олеснува нивното растење.

Ова целосно го разбира Кортни Вајт, наставничка во училиште во Тексас. За да им помогне на своите ученици да се справат со стресот и сите работи што животот ги става пред нив, Кортни одлучила да не им дава домашни задачи.

Сепак, не секој ја поддржува нејзината одлука. Откако добила неколку критики затоа што не им дава домашни на учениците, таа одлучила да направи тик-ток-видео во кое ја објаснува својата филозофија.

Нејзиниот пост стана вирален, а нејзиниот необичен начин на предавање привлече големо внимание, па сега на „Тик-ток“ ја следат повеќе од 500.000 луѓе.

– Нема докази дека домашните задачи ќе ги направат подобри учениците од моето одделение. Го почитувам нивното време надвор од училиштето, тие работат напорно со мене цел ден, не треба и дома да пишуваат дополнителни домашни задачи. Повеќето мои ученици се средношколци. Тие имаат работа, се занимаваат со спорт, одат на пракса, во бендови се, имаат и други одговорности надвор од училиштето. Некои од нив одат дома и се грижат за нивните помлади браќа и сестри бидејќи родителите се на работа. На некои, пак, им е потребно да одат дома и да си легнат. Некои од нив откако ќе се вратат дома, се грижат за тоа што ќе јадат, затоа што во нивниот дом нема храна – продолжува Кортни.

@cmw1129Reply to @tafgarcia Me not assigning homework, doesn’t make me any less of a teacher. My kids show me mastery of content in class. ##teachersoftiktok♬ original sound – Courtney ?

– Ако јас им дадам домашни задачи, кога ќе имаат време да бидат деца? Кога ќе имаат време да се релаксираат? Бидејќи кога вие ќе си дојдете од работа, сакате да се опуштите – додава таа.

Но, во интервју за „Добро утро, Америка“, Кортни објаснува дека за некои училишни предмети домашните задачи се неизбежни. Смета дека таа во нејзината работа може да биде попустлива и да им даде на децата до знаење дека е во ред да бидат човечко суштество и да одат дома да спијат.

Освен тоа, верува дека така им помага на своите ученици барем малку да го намалат стресот и да почувствуваат љубов.

– Колку сум посмешна, толку повеќе ги интересира темата. Се обидувам да го направам учењето забавно. Омилен дел од наставата ми е поврзување со учениците. Сакам да ги запознаам како ученици во мојата училница, но и сакам да знам што тие сакаат да прават надвор од училницата за да изградиме личен однос. Така се чувствуваат пријатно и сакано додека се на мојот час – додава Кортни.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top