Ретко е, но понекогаш насловните страници на магазините се толку влијателни, што стануваат вирални и стануваат приказни исто како оние приказни што ги има внатре.

Британскиот „Вог“ неодамна им оддаде почит на сите работници што се на првата борбена линија во текот на пандемијата, додека магазинот „Тајм“ на насловната страница прикажа мајка Афроамериканка, а на црвената рамка беа испишани имињата на 35 Афроамериканци што биле убиени поради расизмот.

 

Сега сите зборуваат за новиот број на магазинот „Тудејс оерент“, кој ја прикажува мајката неколку моменти по породувањето со бебето на градите.

Фотографијата е дело на Хана Спенсер, а на неа се 28-годишната мајка на три деца Сиаре Масеј и нејзиниот син Арчер, кој сега има една година.

– Хана е моја добра пријателка и ме замоли за дозвола да се искористи фотографијата – вели Сиаре Масеј, додавајќи дека е среќна што нејзината пријателка-фотограф го добри признанието што го заслужува.

 

 

View this post on Instagram

 

Can you believe I made all of these?

A post shared by Si ? (@____si.la____) on

Извор



912

X