Роботи, виртуелна реалност, холограмски проекции на наставници – се само некои од новостите што во наредните години ќе влезат во училиштата низ Србија, изјави министерот за образование Младен Шарчевиќ.

Тој рече дека овие технолошки новости ќе бидат овозможени благодарение на договорот потпишан со кинеската компанија „НетДрагон“.

– Роботите и холограмските професори нема да ги заменат вистинските наставници, ниту виртуелната реалност ќе ги замени учебниците. Тие ќе бидат помошни средства што ќе ја направат наставата поинтересна – изјави Шаричевиќ.

Според неговите зборови, првиот чекор ќе биде отворање на центар за промоција на науките во Белград, во зградата на Учителскиот факултет.

Во наредниот месец од Кина ќе стигне опрема што ја донира „НетДрагон“. Центарот ќе почне да работи кон крајот на февруари, а првите посетители ќе бидат вработените и студентите од педагошкиот факултет и високите школи што ќе можат да се запознаат со примената на новите технологии во наставата, најави министерот за образование.

Во втората фаза кинеската компанија во Белград ќе отвори развоен центар.

Извор



912

X