Во тој уникатен момент, за време на бременоста, магија се случува во вашето тело. Една јајце-клетка и еден сперматозоид се обединуваат, а сигурно сте виделе како тоа изгледа во филмовите кои секојдневно се појавуваат на социјалните мрежи.

Во текот на следните месеци, таа клетка ќе се дели, ќе се дели и ќе се дели додека не го формира сложениот збир кој го сочинува вашето прекрасно бебе. За време на растот и развојот, вашето тело ќе му даде на детето храна и хормони и ќе обезбеди услови за развој, а однапред програмираниот генетски распоред ќе го постави темпото и ќе одреди што ќе се случи и во кое време во текот на бременоста.

Потребно е да се внимава на исхраната, да се намалат или елиминираат лошите навики, а трудницата да се одмори и вежба во зависност од препораката на лекарот.

Вашата бременост ќе биде посебно искуство проткаено со возбуда, радост, страв и многу настани во текот на деветте месеци колку што трае бременоста.

Во првите три месеци ќе ја нема менструацијата, што ќе биде првиот вистински знак дека сте бремени, вашите гради ќе се зголемат во обем, ќе отекуваат и ќе станат чувствителни. Вашата матка ќе почне да расте, грлото на матката ќе омекне и ќе се чувствувате големи, изморени и може да имате појава на гадење. Хормоните ќе ги извршуваат своите задачи во секое време. Вашата кожа, исто така, ќе претрпи големи промени од зголемениот проток на крв, ќе ви се појават стрии, акни и промена на бојата на кожата. Вашето лице може да отече, вените да ви се здебелат, кожата да ве чеша и да се зголеми потењето. Ноктите може да пукаат и да растат побрзо. Косата може да биде побујна. Видот може да биде послаб, а усната шуплина почувствителна при миење. Носот може да ви тече почесто, ‘рбетот може да ве боли од тежината на стомакот и промените во мускулите и коските, варењето може да се забави и може да почувствувате притисок врз мочниот меур. Отчукувањата на срцето се зголемуваат и крвните садови се шират, што може да предизвика појава на хемороиди. Следете го крвниот притисок – тоа е навистина важно.

Емоционалните промени во бременоста се големи, промените во расположението се големи, а и не постои правилен начин да се подготвите за таа состојба, но разговорот, топлиот збор и вашата патронажна сестра може да ви помогнат во секој случај.

И вашето бебе, исто така, се менува во текот на бременоста. За почеток, јајце-клетката и сперматозоидот се споиле и полот се одредува во моментот на зачнувањето, а се одредува според половите хромозоми. Јајцето се развива многу, многу брзо. Во првото тримесечје органите на вашето дете почнуваат да се формираат и детето расте до големина од 10 сантиметри. Во второто тримесечје ќе порасне од 10 до 30 сантиметри и веќе ќе го чувствувате. Во третото тримесечје детето ќе расте брзо, добивајќи просечно 250 грама неделно и ќе достигне до околу 50 сантиметри до крајот на бременоста. Како што расте детето, така на мајката ќе ѝ станува сè потешко, движењето веќе нема да е лесно како порано, потешко ќе дише, спиењето нема да биде исто како порано и секој ден со себе ќе носи свои промени.

За време на бременоста, во вашето тело постои систем кој го штити и храни детето, а тоа е плацентата која го храни детето, го снабдува со кислород и ги отстранува отпадните материи. Тоа значи дека амнионската течност создава мека и безбедна средина, погодна за движење, а папочната врвца ја поврзува со плацентата која му дава сѐ што треба и зема сѐ што не му треба на плодот.

И конечно, има причина за сите промени во вашето тело, затоа добро е да се запознаете со тоа и потоа полесно да се справите со нив. Така ќе бидете посигурни дека можете да го издржите тој период и дека сте подготвени да го негувате вашето дете правилно.

Со среќа!

Автор: Сања Букач Штритоф

Извор



912

X