Бренд за играчки од Ирска претставил нова играчка со Даунов синдром инспирирана од 6-годишно девојче

„Лоти долс“ ја презентирале куклата наречена Роси Бу, дизајнирана за да личи на 6-годишната Роси Барнет од Вилтшир која има Даунов синдром. Коосновачот на компанијата за играчки одлучил да ја дизајнира куклата откако родителите на Рози ги исполниле насловите во медиумите креирајќи реална верзија на куќа на дрво „Лоти Дол“ во нивната градина минатата година. Презентирањето на новата кукла било по повод 21 март, Светскиот ден на Дауновиот синдром (21 заради 21 хромозом кај овие лица).

Таткото на Рози, Џејсон Книн, од Фаберстаун, вели дека бил воодушевен што неговото семејство може да помогне во кревање на свесноста за Дауновиот синдром.

– Воодушевени сме, особено во ова време од годината, што можеме да ја кренеме свеста за Дауновиот синдром и да ги едуцираме децата за различностите и што е тоа што ги прави овие деца посебни. Убава работа кај компанијата е тоа што е застапен диверзитет и инклузивност во однос на тоа како пристапуваат кон дизајнот на кукли – вели Џејсон.

фото извор: Lottie Dolls – Twitter

Куклата чини 22.99 фунти, а 1 фунта од секоја продажба се насочува како донација во локалната хуманитарна организација. Куклата има интересни чорапи, симболот со кој се одбележува 21 март, како и чизми што и помагаат да оди. Џејсон додава: „Учиме дека играњето со играчки со различности помага во развивањето на емпатијата кај децата пред културата да одреди како треба да реагираме на разликите. За мене, најмоќна работа беше да откријам колкаво позитивно влијание имаат куклите и колку може да помогнат во намалување на малтретирањето поради различностите. Многу е моќно кога децата може да ги видат сличностите во кукла, но е еднакво важно и тоа што ќе можат да учат за различностите кај другите.

фото извор: Lottie Dolls – Twitter

На веб-страницата од компанијата за играчки стои дека брендот креира кукли врз основа на „просечни пропорции на 9-годишно дете и дека се обидуваат да ја славата различноста и инклузивноста преку таквите дизајни. Освен оваа кукла, „Лоти Долс“ креирале и кукла која носи кохлеарен имплант и астронаут кукла, инспирирана од дете на 8-годишна возраст со аутизам. „Навистина е важно и тоа што вметнуваат различни состојби, типови на тело, па ова е одлична можност да се дознаат и повеќе информации“, вели Џејсон. Минатото лето Џејсон изгради голема детска куќа за играње во градината за Рози да се забавува за време на карантинот. Во куќичката има дури и пристап до интернет, лизгалка, балкон и слично.

фото извор:Jason Kneen/SWNS.com

Автор: Кејт Денет

Извор



912

X