Постои нешто толку надежно во врска со фотографиите направени на првиот училиштен ден на вашето дете: облеката изгледа посветло од вообичаено, ранецот се чини толку голем што секој момент очекувате да го собори вашето дете, а ако сте доволно креативни, можете да создадете и слатко мало интервју со вашето дете што можете да го снимите за да го имате овој бесценет момент.

Но, годинава целата оваа традиција можете да ја однесете чекор понапред и да се послужите со идејата на еден креативен татко. Имено, Кевин Скригс, татко на Медисон, на „Јутјуб“ објави видео со наслов „13 години интервјуа за време на првиот училиштен ден“. Неговиот проект бил едноставен: секоја година, по првиот училиштен ден на неговата ќерка Медисон, Скригс снимал интервју, поставувајќи ѝ неколку прашања. Потоа ги споил сите интервјуа.

Скригс не ги повторувал прашањата секоја година, па така ѝ поставувал прашања соодветни на возраста: „Дали сакаш да се вратиш назад?“, „Дали имаш нешто за домашно?“, „Што правеше за ручек?“ и слично. Единственото нешто што е планирано е крајот, кога Скригс го завршува видеото со: „Те сакам, Медисон“.

– Мислев дека ќе биде одлично кога ќе дипломираат да си ја видат целата кариера во еден краток клип. Сакав да имаат нешто на кое ќе се сеќаваат – вели Скригс.



912

X