Поучена од долгогодишното искуство во работењето во училиште, но и од воспитувањето на сопствените деца, наставничката Џесика Смок сподели листа со работи кои мисли дека децата треба да ги прават наместо да пишуваат домашни задачи.

– Постојат многу аспекти од мојата долга кариера како наставничка на кои се гордеам. Мојата репутација дека давам многу домашни задачи НЕ е една од нив – пишува таа.

Таа објаснува дека порано давала домашни задачи за кои биле потребни повеќе од два часа работа. Децата се жалеле, но не и родителите.

– Мислам дека повеќето родители се чувствуваа исто како и јас: дека домашната задача е најдобриот начин за вежбање нови вештини, дека домашните задачи учат на одговорност и помагаат да се развие добра работна етика – вели таа.

Но, наставничката вели дека најголемиот страв бил тоа што родителите мислеле дека ако децата не пишуваат домашни задачи, ќе заостанат зад врсниците од другите паралелки, зад децата во другите училишта и децата од другите земји.

– И понатаму сум на ова мислење, дека домашните задачи помагаат да се спречи заостанувањето, но сметам дека тоа важи само за средношколците и оние од средно училиште, но не и за најмладите ученици од пониските одделенија – вели таа.

Откако докторирала, проучувала истражување кое тврдело дека домашната работа не е добра за малите деца. Не само што не ги подобрува нивните достигнувања, туку може да биде штетно за односот на децата кон училиштето и за нивното физичко здравје.

Кога и самата станала родител, сфатила колку можат да бидат уморни и преплавени со чувства децата по цел ден поминат на училиште.

– Самата дојдов до заклучок дека на умот и на телото на децата по училиште им требаат различни искуства, а не дополнителни училишни активности.

Не е дека домашната задача сама по себе е штетна за децата, туку дека домашната задача ја заменува другата забава, развојно соодветна забава и сите други вредни активности кои им помагаат на децата да пораснат во здрави и среќни возрасни личности.

Ова е листата со работи што децата треба да ги прават по училиште наместо да го поминуваат своето слободно време пишувајќи домашни задачи.

  1. Скокање со јаже
  2. Разговор со родителите
  3. Спиење
  4. Самостојно читање
  5. Слушање аудиокниги
  6. Составување сложувалка
  7. Качување на тобоган од спротивната страна
  8. Игра со кал
  9. Игра со другарчиња во песок
  10. Помош околу приготвувањето на оброците
  11. Шетање на кучето
  12. Волонтирање во прифатилиште за животни
  13. Работа во градината
  14. Свирење на инструмент
  15. Поминување време со бабите и дедовците
  16. Учество во социјални проекти во локалната заедница
  17. Цртање и креативно изразување
  18. Научен проект
  19. Облекување различни видови костуми
  20. „Борење“ со браќата и сестрите
  21. Чистење и суредување на домот и детската соба
  22. Пишување приказни
  23. Лежење
  24. Медитирање
  25. Правење колаж
  26. Слушање класична музика
  27. Учење да шие и плети
  28. Фотографирање
  29. Возење со велосипед
  30. Слушање приказни за добра ноќ

Извор



912

X