Воспитување

Наместо да ги карате, еве што треба да им кажете на децата кога ќе ги фатите во лага

Нема дете кое барем еднаш во животот не ги излажало родителите. Без разлика дали се работи за голема или мала лага, таа може да влијае врз довербата и односот помеѓу родителот и детето. Некои деца понекогаш не се ни осмелуваат да ја кажат вистината поради страв од бурната реакција на нивните родители.

За да се спречи тоа и за односот меѓу родителите и децата да биде искрен, родителите не треба да викаат и да се расправаат со своите деца, туку треба да се однесуваат на еден од овие начини:

„Сакам да си веруваме еден на друг“

Кога родителите ќе го фатат детето во лага, тие треба да ја истакнат важноста на довербата во нивната врска уште од самиот почеток. Фразата „Сакам да си веруваме еден на друг“ ја нагласува важноста на таа доверба без расудување.

Довербата е основата на секоја врска, особено на онаа помеѓу родителите и децата. Затоа е важно децата да знаат дека дури и во ситуации кога лажат, имаат кому да се доверат и да ја откријат вистината без страв од осуда, тешка казна или слично.

„Храбро е да се каже вистината“

Поттикнете ја храброста со тоа што ќе нагласите дека за кажување на вистината е потребна храброст. Овој пристап се фокусира на позитивно засилување, пофалувајќи ја искреноста како добра особина на секој поединец. Децата често лажат од страв, па затоа е важно да ги поттикнете да ја кажат вистината за да го надминат овој страв.

„Во ред е да се прават грешки, а преземањето одговорност е знак на храброст“

Родителите треба да ги уверат своите деца дека грешките се нормален дел од животот. Треба да нагласат дека е во ред да се прават грешки, сѐ додека сме спремни да признаеме дека сме погрешиле. Ова ги учи децата на важноста да преземат одговорност за своите постапки. Исто така, им помага да разберат дека искреноста е важен дел од личниот развој и учење.

„Што те загрижи толку што реши да лажеш?“

Наместо обвинувања, родителите треба да покажат сочувство и разбирање и да се обидат да откријат зошто нивните деца чувствуваат потреба да лажат. Прашање од типот: „Што те загрижи толку многу што реши да лажеш?“, покажува интерес да се разбере перспективата на децата, а не само да бидат казнети за лажењето.

Овој емпатичен пристап може да им помогне на децата да се чувствуваат безбедно да ја кажат вистината и отворено да разговараат за нивните грижи, особено со нивните родители.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top