Со највисоки оценки беше оценета презентацијата на „Светот на Биби“ на Саемот на цртани филмови што се одржа денеска во Тулуз, Франција. По сите категории по кои проектите се оценуваат на големиот Картун форум кој собира илјадници учесници, проектот „Светот на Биби“ ги доби највисоките оценки (5).

Претставници на големи продукциски студија присуствуваа на презентацијата на која се обратија продуцентите Стојче Ѓорѓиев, Марјан Алексовски и Жарко Стојаноски, како и режисерот на „Светот на Биби“, Гоце Цветановски. Меѓу гостите беа претставници на: „BBC Children“, „Disney Channels Worldwide“, „Happy Family Entertainment“, „Kedoo“, „Monster Entertainment“, WeKids, Studio 100 Media, DreamWorks Animation Television, TV5MONDE, од Францускиот национален центар за кинематографија и анимација, Холандскиот филмски центар, Чешката телевизија и многу други.

– Многу сме среќни дека имавме публика која беше одушевена од презентацијата, особено за тоа што се е направено за кратко време во рамките на проектот. Добивме највисоки оценки и одлични коментари – велат од тимот на „Светот на Биби“.



912

X