Начинот на кој родителите се однесуваат кон децата е клучен за нивното формирање, а мајката ја игра најважната улога. Ја немале сите деца таа среќа да ги воспитува силна мајка, а тие што можат да се пофалат со таква мајка знаат колку таа влијаела врз нивниот живот.
Да се има независна мајка која е праведна и фер, внимателна, пожртвувана и борбена, е вистински дар, а само таа знае како успешно да ги насочи своите деца.

Децата што имаат силна мајка учат неколку важни животни лекции кои никогаш нема да ги заборават.
На што нè учат силните мајки:

Дека животот не е лесен

Силната мајка нема да ја крие суровата реалност во светот околу вас. Ќе ви покаже дека животот не е фер, но ќе ве научи и како да се носите со тоа. Во текот на животот таа ќе ви покаже како треба да се борите кога работите ќе станат тешки.

Како да бидете независни

Зависноста од другите луѓе нема никаде да ве одведе, а силната мајка ќе ве научи како да се грижите за себе и да продолжите натаму, а да не ви треба поддршка од никого. Се разбира, ќе ве научи и како да побарате помош кога ќе ви биде навистина потребна.

Да го оставите минатото зад себе

Фокусирањето кон минатото ве прави да заборавите дека живеете во сегашноста и да ја планирате иднината. Тоа никој не го знае подобро од силната мајка, која уште од мали нозе ве учи да го оставите сето она што ве влече наназад, со цел да се фокусирате на светлата иднина.

Како да бидете трпеливи

Трпението е доблест, а изненадувачки е колку луѓе немаат трпение. Силните мајки не дозволуваат децата да им пораснат, а да не научат што значи трпението. Ги учат како да чекаат и да им дадат време на некои важни работи да се случат.

Дека сами морате да ја градите вашата среќа

Не треба да се потпирате на други луѓе за да почувствувате радост и среќа. Вашата силна мајка ве научила на тоа. Таа ви покажала дека е можно да бидете среќни и кога сте сами и ништо да не очекувате од другите луѓе.

Што навистина значи безусловна љубов

Без оглед на сè, вашата мајка секогаш ве сакала и секогаш ќе ве сака. Никогаш не се плашела да покаже колку се грижи за вас и дека вие сте ѝ најважни во животот. Дава сè од себе да бидете здрави и среќни, а преку својата љубов кон вас ве учи како треба да ги сакате другите.

Како да се сакате самите себе

Како што е важно да ги сакате луѓето околу вас, исто така е важно да се сакате и себеси, а силната мајка ќе ве научи како. Таа ќе ви ја покаже важноста на грижата за себе и колку е важно да обрнете внимание на сопствените потреби во животот.

Како да бидете добар родител

Кога имате силна мајка, таа поставува стандарди што треба да очекувате од себе кога ќе станете родители и кон што треба да се стремите во таа улога. Бидете благодарни што сте имале најдобар пример за родител, а вие ќе бидете истото за вашите деца.
Силните мајки воспитуваат силни деца кои стануваат уште посилни кога ќе станат возрасни луѓе. Тие ги учат децата на најважните животни лекции, кои ќе им ги всадат за цел живот.

 



912

X