Има некои работи, некои животни насоки со кои децата стануваат добри, квалитетни и успешни луѓе, а кои не можат да се научат на училиште – колку и да се воспитувачите, наставниците, професорите посветени на учениците.
Овие девет совети за родителство ќе му помогнат на вашето дете да порасне во добра и, уште поважно, среќна личност.
Треба да се сака себеси
За да ги сакате и прифатите другите, прво треба да се сакате и прифатите себеси. Помогнете му на вашето дете, а и на другите членови на семејството да најдат нешто во себе во кое е невозможно другите да не се заљубат. Предлог – секоја вечер кога ќе се соберете како семејство, споделете еден со друг што ви се допаѓа кај себе. Можеби на почетокот нема да биде лесно, но децата ќе се навикнат и ќе им стане јасно со какви доблести треба да се гордеат и кои треба да ги чуваат и негуваат.
Љубезноста е важна
Да се биде љубезен кон другите луѓе, без разлика дали ви се допаѓаат нивните зборови или постапки, е многу важен квалитет. Оваа особина обично е вродена, но ако не е така, обидете се да ја поттикнете кај себе (вие, како родител), како и кај вашето дете.
Да биде чесно
Ако детето види дека тој и другите членови на семејството се третираат еднакво, ќе го пренесе тој став на игралиштето, на училиштето и во неговиот „возрасен живот“.
Мора да биде способно да се приспособува
Животот е непредвидлив и постојано нѐ држи „на штрек“. Затоа, способноста флексибилно да ги менувате плановите, да не го губите духот и да се приспособувате на сите околности е важна вештина што дефинитивно ќе му треба на детето.
Важно е да се биде одговорен
Личниот пример е најдобриот начин да им се покаже на децата дека е важна способноста за преземање одговорност. Секој член на семејството треба да има своја „контролирана територија“ за која е одговорен. И ако децата разберат дека се одговорни за исполнување на нивните должности на еднаква основа со возрасните, овој став ќе им остане засекогаш врежан.
Важно е да биде искрено
Истото важи и за искреноста – сите во семејството треба да бидат искрени. За да може искреноста да стане вистинска семејна вредност, на родителите не треба да им се дозволи да посегнуваат по „бели лаги“, што често го прават.

Да ги почитуваат другите луѓе
Почитувањето во семејството треба да биде заемно. Родителите треба да се однесуваат кон децата со почит кон нивната личност и достоинство, а децата треба да се однесуваат кон своите родители на ист начин. Тогаш овој став ќе ги надмине рамките на семејството и ќе се прошири на сите луѓе наоколу.
Треба да се почитуваат личните граници
Секој член на семејството мора да ги почитува личните граници на другите, без оглед на возраста или статусот. Ако некој сака да биде сам или одбива прегратки, таквата желба треба да се слушне и прифати.
Дури и ако децата се пораснати, обидете се да се среќавате еднаш неделно со нив за вечера, за разговор, да играте друштвени игри или да одите некаде заедно. Таквата традиција ќе им даде чувство дека не се сами, дека го имаат највредното нешто на овој свет – семејството.