Љубовта е она што го означува целиот наш живот. И бидејќи не сакаме нашите деца да ги повторуваат нашите грешки во која било област од животот, речиси најмалку сакаме тоа да им се случи во љубовта.

Можеби ќе ги послушаат, можеби не, можеби ќе се сетат на нив во клучен момент, а можеби и нема, но можеби нашите зборови барем накратко ќе им ѕвонат во ушите, па ако има некаква надеж за тоа – вреди да се проба. И запомнете дека речиси никогаш не е рано за тоа. И не мора да ги давате овие совети одеднаш, како некој код, туку полека, малку по малку, всадете ги во вашите деца, еден по еден, со надеж дека ќе знаат да донесат добри одлуки кога ќе дојдат љубовните ситуации.

Избегнувајте го секој што сака да бидеш помала верзија од себе

Оној со кого сакате да бидете мора да сака да растете, а не да ужива додека ве гледа како се „смалувате“. Некои луѓе сакаат да ги „спасат“ другите или да имаат друштво за нивните таги. Таквите луѓе ќе ви се потсмеваат ако имате цели што сакате да ги постигнете, особено ако тие не се во согласност со нивните, и ќе се обидат да го намалат секој ваш успех. Тие не сакаат да се развивате. Можеби не се лоши луѓе, но не е добро да ги имате во близина.

Изберете личност која покажува вистински интерес за она што го сакате

Ако саканата личност исмејува нешто што ви е важно, што го обожавате, тоа едноставно не е добро. Сè додека она што го сакате не е штетно за никого, саканата личност треба да го поддржи и разбере. Таа не мора да го дели вашиот интерес, ниту вие нејзиниот, но важно е да покаже интерес, да внимава на вашиот интерес, да го почитува. Важно е тој/таа да ве слуша, како и обратно.

Поделете ги домашните работи – емотивно и физички

Важно е секој човек во домаќинството да види колку другиот е одговорен за нешто – оброци, планирање патувања, чистење, плаќање сметки, набавка на намирници. Сите сакаме другите да видат и да знаат што правиме и што заслужуваме и да ги признаат нашите напори. Само кога ќе разбереме дека нема фиксни рамки во однос на улогите во домаќинството, тогаш можеме да бидеме поблиску до рамнотежа.

Разберете дека не сите врски се за цел живот

Некои луѓе едноставно минуваат низ вашиот живот. Тие се таму кратко време и потоа заминуваат. Понекогаш е тешко да се разбере, бидејќи сите се стремиме кон идејата за вечна љубов или барем долготрајна љубов. Но, некаде, некогаш, ќе дојде време и за тоа, па токму тоа ќе се случи, ако сакате, се разбира. Можеби боли кога ќе заврши една врска, но секако има убави спомени кои вреди да се чуваат. Негувајте го вашето време со таа личност, а потоа продолжете понатаму.

Ако сакате да ја прекинете врската, обидете се да го направите тоа во позитивна атмосфера

Ова е совет кој е многу тешко да се спроведе. Кога ќе излеземе од врска, речиси секогаш сакаме да ги запалиме сите мостови зад нас. Но, тоа не е добро за емоционалниот раст. Ако е соодветно, извинете се, преземете одговорност за она што можело да биде подобро, а потоа обидете се да ѝ посакате најдобро на другата страна – искрено. Можеби дури и ќе простите. Се разбира, тоа не е секогаш можно, но понекогаш врската може да има чист крај. Особено ако сѐ уште верувате дека другата личност е добра. Тоа ќе ви даде посебен внатрешен мир…

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X