Воспитување

Најважните лекции што можеме да ги научиме од децата

Сите сакаме да се вратиме во нашето детство и повторно да ги проживееме моментите што ни биле драги, но, за жал, тоа е невозможно. Дали некогаш сте виделе колку се самоуверени децата и како го живеат својот живот без фрустрации и жалење? Сите сакаме да ги живееме повторно тие моменти кога сме биле млади. Сепка, има некои работи што можеме да ги учиме од децата. Зарем тоа не е интересно? Сега луѓето се повеќе фрустрирани и имаат понизок морал, не се амбициозни и слично. Во сите тие ситуации, кога ги гледаме децата, дознаваме повеќе за животот отколку за што било друго. Што можеме да научиме од децата?

1. Возбудувајте се. Никогаш не престанувајте да се возбудувате како дете

Децата се постојано возбудени, па откако ќе го видите нивото на нивната возбуда, никој не сака тоа да се намали. Слично на тоа, ако таа навика успееме да ја вметнеме во нашите животи, тогаш нема да бидеме толку фрустрирани, а работите нема да бидат толку комплицирани. Секогаш имајте насмевка на лицето и не преправајте се дека сте возбудени, туку чувствувајте ја возбудата однатре. Тоа ќе ве прави среќни и ќе ве заштити од многу проблеми со менталното здравје, со кои се соочуваме само поради тоа што премногу размислуваме.

2. Приспособете се на промените

Сите треба да ја имаме оваа способност и да продолжиме да го подобруваме нашето однесување. Децата може да се приспособат многу брзо, а ние возрасните треба да го разбереме ова. Мнозинството од нас никогаш не се навикнуваат на случајни варијации, но ако се приспособуваме на промените, тогаш можеме да ги направиме нашите животи полесни. На пример, децата лесно простуваат, а ние возрасните тешко го согледуваме тоа. Возрасните често ја чуваат лутината и не простуваат лесно, а со тоа се уништуваат односите. Ако ја научиме оваа промена од децата, можеме почесто да ги спасуваме нашите врски.

3. Љубопитност

Љубопитноста за учење нови работи е поголема кај децата отколку кај возрасните бидејќи тие ги набљудуваат работите подлабоко, а се и многу порешителни. Можеби ви се случило да напуштите многу работилници затоа што сте имале густ распоред. Сепак, ако ја задржиме љубопитноста за учење нови работи како децата, тогаш ќе успееме да го менаџираме времето и да се впуштиме во различни активности. Учете го ова од децата и бидете страсни за она што го сакате.

4. Учете што значи пријателството

Децата секогаш сакаат да играат со своите пријатели и сакаат да поминуваат време со нив, но возрасните не се социјализираат многу деновиве. Толку се насочени кон своите рутини и обврски, што немаат доволно време за социјализација. Треба да го научиме ова однесување од децата.

5. Неверојатна активност

Децата се енергични личности бидејќи се вклучуваат себеси во корисни активности што бараат присутност. Децата поминуваат живот без оптоварувања, но за разлика од нив, возрасните треба да менаџираат многу работи. Сигурно мислите дека – ако децата немаат товар, тогаш како ќе научиме активност од нив? Тие се вклучуваат во здрави активности кои ги одржуваат енергични, како на пример играње различни игри кои го одржуваат метаболизмот на високо ниво, но возрасните не одвојуваат време за физички активности.

6. Самодоверба

Дали сте обрнале внимание на нивото на самодовербата кај децата? Тоа е големо затоа што децата не се оптоваруваат со она што се случува во нивното опкружување. Не обрнуваат внимание на различните осуди од страна на луѓето и го прават она што го сакаат. Ако го совладате ова ниво на самодоверба од децата, тогаш ќе биде полесно да ги постигнете посакуваните цели. Сè што треба да направите е да не се грижите за она што другите го велат и какви ќе бидат нивните реакции. Само одете напред посегајќи по она што вашето срце го сака.

Ова се некои работи кои едноставно можете да ги согледате и да ги научите од децата. Ако сакате да бидете успешни во животот, тогаш време е да обрнете внимание на овие нешта – тоа ќе биде одлично за сите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top