Како родители, сакаме да воспитаме добри деца – љубопитни, самоуверени, сочувствителни, издржливи и почитувани. Она што им го кажуваме на нашите деца или пред нашите деца, начинот на кој го кажуваме и однесувањето што го моделираме помагаат да се обликуваат децата.

Експертите споделуваат некои од најважните фрази на кои можеме да ги научиме нашите деца уште од мали нозе. Многу од нив се едноставни, но имаат изненадувачки големо влијание врз способноста на децата да напредуваат, вели психологот Микеле Борба.

Не постои глупаво прашање

Малите деца сакаат да поставуваат прашања, понекогаш без престан. Нивната љубопитност е голема, но може да биде исцрпувачка за родителите и старателите.

– Понекогаш ненамерно ја оттргнуваме љубопитноста на нашите деца затоа што може да биде преголема. Но, да ги научиме нашите деца дека нема ништо лошо во тоа да се биде љубопитен, па дури и да ги учиме како да бараат одговори од другите, може да биде корисна особина што треба да се развие кај децата уште од рана возраст – вели психотерапевтот Мерцедес Самудио.

Поттикнувањето на љубопитноста и помагањето на децата да се чувствуваат доволно самоуверени за да зборуваат кога не се сигурни за нешто ќе им служи добро во наредните години.

Можам да го направам тоа

Психологот Керол Двек од Универзитетот „Стенфорд“ го опишува верувањето дека талентот може да се развие со напорна работа, одлучност и помош од другите.

Фразите како „Јас можам да го направам тоа“ можат да им помогнат на децата да се чувствуваат побезбедни додека пробуваат нови и тешки работи. Микеле Борба препорачува да го поттикнете вашето дете да користи таква фраза за да ја зајакне својата самодоверба кога ќе се појават предизвици.

– Отпорните деца се и упорни. Тие не се откажуваат и не чекаат да бидат спасени – додава таа.

Здраво, јас се викам X. Како се викаш ти?

Пандемијата на коронавирусот ги ограничи можностите на децата да се дружат со врсниците. Сега можеме да ги охрабриме децата да излезат и да се претстават повторно и можеби да стекнат нов пријател.

Две години физичко дистанцирање предизвика многу деца да станат социјално анксиозни. Тие не ги практикуваа своите социјални вештини и им треба охрабрување.

Во ред е да се згреши. Само биди искрен/а за тоа

Грешките се неизбежен дел од животот. Кога ги учиме децата на ова, испраќаме порака дека е човечки да згрешиш. Она што е важно е како се справуваме со тие грешки.

Искреноста е особина која родителите сакаат да ја негуваат кај своите деца. Уште од мали нозе можеме да ги научиме децата дека најдобар начин да се развие чесност е да се поддржат кога прават грешки. Така ги спречуваме да лажат.

Благодарност

Благодарноста е научено однесување. Наша должност е да ги научиме децата на благодарноста за она што го имаат и да ја изразат. Истражувањата покажаа дека практикувањето на благодарноста е силно и постојано поврзано со поголема среќа, како и со подобро здравје.

Важно е децата да видат дека сте им благодарни што ви помагаат или дека ги цените другите во вашиот секојдневен живот.

Ќе биде добро

Помагањето на децата да научат да останат оптимисти во тешки времиња може да ги стави во подобра позиција да ги надминат животните предизвици. Затоа, моќните фрази „Ќе биде во ред“, „Ќе помине“ или „Работите ќе бидат подобри“ се моќни.

Истражувањата покажуваат дека оптимистите, кои веруваат дека можат да успеат, всушност се поспособни за тоа. Помали се шансите да имаат депресија, имаат подолги врски и живеат подолго.

Потсетете ги децата дека многу проблеми се привремени и често не е во нивна моќ да ги поправат или да ги подобрат.

Извор



912

X