Евгениј Комаровски е еден од најпознатите и најпризнати педијатри на територијата на поранешен СССР. Тој е доктор за медицински науки, ТВ-водител и автор на повеќе од 15 книги за грижа за децата. Тој дава вредни совети и информации за здравјето и воспитувањето на децата на многу разбирлив начин, поради што има огромна почит од многу родители.
Ова се некои од неговите најдобри совети што им помогнале на илјадници луѓе.
1. 100 отсто од возрасната популација знае како се прават децата, но 99,9 отсто не знаат како од нив да направат луѓе.
2. Психолошката благосостојба на мајката која се грижи за детето е најважната задача на таткото. Таткото има обврска е да ги решава проблемите со роднините и соседите.
3. Среќно дете е, пред сè, дете кое е здраво, а дури потоа дете кое знае да чита и да свири музички инструмент.
4. Среќно дете е дете кое има и мајка и татко кои за возврат имаат време не само да го сакаат детето, туку и да се сакаат еден со друг.
5. Ниту големите бројки ниту добрата репутација на педијатарот нема да ги решат здравствените проблеми на детето. Тоа е невозможна мисија, пред сè, затоа што здравјето на детето во многу поголема мера зависи од мама и тато отколку од сите педијатри заедно.
6. Детето не е виновно за ништо.
7. Кога родителите на болни деца ќе дојдат кај мене, јас често ги советувам да набават куче. Кучето е најсигурната причина што може да ги натера родителите да го носат детето на прошетка двапати на ден.
8. Ако вашето дете било болно и неактивно поголемиот дел од годината, можеби најдобро решение би било да заминете на село. Овој тип одмор може да биде подобар од одењето на море, дури и ако станува збор за хотел со пет ѕвезди.
9. Детето треба да биде слабо и активно.
10. Сигурен сум дека повеќето деца се раѓаат здрави, но дека нивното здравје е нарушено од родителите и медицинските работници.
11. Кога ќе се роди бебе – човечко младенче – тоа е биолошко суштество. Затоа основната задача во првата фаза од животот е да се држиме до биологијата за подоцна да преминеме кон развојот на социологијата.
12. Суштината на пелени за еднократна употреба се состои во следново: на детето не му требаат пелени! На мајките им се потребни!
13. Среќата и семејното здравје се најважни. Семејството треба да постапува не во согласност со интересите на детето, туку во согласност со интересите на семејството. Не можам да замислам дека моето дете добива чоколадо и не го дели на четири дела.
14. Најважно е да му укажеме на детето дека тоа не е центар на универзумот, туку ние како семејство – ние сме „центарот“ на универзумот. Добрите луѓе се секогаш, насекаде и кон секого добри. Споделете со сите добри работи како што се: расположение и храна. Никогаш не жалете се!