Воспитување

Најважната улога на таткото во семејството е да создаде чувство на сигурност

Д-р Весна Даниловац, општ лекар и психотерапевт-едукатор, зборува за важноста на улогата на таткото во воспитувањето на детето. Што треба да претставува таткото во животот на своите деца, што треба да претставува во животот на сопругата и како неговото отсуство или недоволното присуство влијае врз семејството, се дел од прашањата на кои одговорила д-р Даниловац.

-Нашите татковци или, ако гледаме од женска перспектива, нашите партнери се скапоцени. Таткото е важен фактор во семејството затоа што, пред сè, тој го претставува столбот на семејството. Тој е оној што поднесува сè што е тешко. Тој мора да биде тука за работите што мајката не може секогаш да ги постигне. Очекуваме со својот пример да покаже дека можеме да се потпреме на него и дека секогаш е тука за своите деца и за сопругата – вели д-р Даниловац.

Низ времето и низ вековите улогата на таткото секогаш била примарна, објаснува таа.

-Можеби тоа денес нема толку големо значење. Но, токму поради тоа што некои улоги се изгубени, семејствата не се толку функционални како порано. Таткото е задолжен за безбедноста на семејството и тоа е неговата улога. Ако таткото има самодоверба, ако е сигурен, ако носи свои одлуки, знае како да процени што е добро за неговото семејство и има храброст да го спроведе тоа, децата ќе го доживеат ова како сигурност на нивниот татко. И тогаш тоа ќе го пренесат на несвесно ниво во сопствениот живот. Тоа се нарекува несвесен животен план – објаснува д-р Даниловац.

Таа додава дека ќерките ги избираат своите партнери преку татковската фигура и затоа е важно односот меѓу ќерката и таткото да биде полн со поддршка, разбирлив, искрен и полн со доверба и почит. Затоа што тогаш девојката тоа ќе го очекува и ќе го бара од партнерот.

На што друго влијае лошиот однос со таткото?

Д-р Даниловац зборува и за сопственото искуство и вели дека во 99% од случаите причина за нарушување во исхраната е прекината врска со таткото. Таткото можеби отишол во друго семејство. Можеби е перфекционист и има големи очекувања. Понекогаш недостигот на татковска фигура (смрт) доведува до ова нарушување, како и агресијата од страна на таткото или неговиот презаштитнички став.

Д-р Даниловац постојано забележува дека создавањето чувство на сигурност во семејството е најважната улога на таткото. Таа вели дека дури и проблемите што ги имаме со ‘рбетот може да се поврзат со татковската фигура. Па, тоа може да бидат разни дискуси, болки во грбот, болки во вратните пршлени, што и да имаме како слабост.

-Тоа е оваа психосоматика, каде што голем број наши болести всушност ги имаат своите корени во нашите психолошки и емоционални аспекти на животот – заклучила таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top