Воспитување

Најважната лекција на која можете да го научите детето

Сакаме нашите деца да растат и да се развиваат, а и да бидат слободоумни и секогаш внимателни, но љубопитни за светот околу нив. И тоа започнува од нас. Мораме да внимаваме како разговараме со нашите деца за животот, особено за некои непријатни теми.

Можеби вашите баба и дедо починале и тоа е денот кога се обидувате да останете присебни, заради тригодишното дете кое го имате, кое не разбира што значи смртта и ве прашува каде е дедо. Како да му ја објасните смртта на мало дете? Често работите што ги прашува вашето дете се срамни или е потребно поголемо размислување за да одговорите. Понекогаш, со детето си поминувате регуларно секојдневие, кога одеднаш поставува прашања кои ве замислуваат.

„Мамо, дали е многу важно да си убав?“, праша ќерка ми додека ме гледаше како ставам маскара пред огледалото во бањата. „Па, девојче мое, ќе излажам ако кажам дека не е корисно да се биде убава – но има и други квалитети што се многу поважни“.

„Како на пример, што?“

„Па… храброст. Да можеш да ги погледнеш работите што те плашат в лице и да најдеш начин да ги намалиш во нешто мало кое нема да те попречува во активностите“.

„Што друго?“

„Чувство за тоа колку може да биде апсурдно сè и сешто во животот“.

„Тоа значи дека во животот се случуваат работи кои не ги планираш и не ги сакаш, но ако најдеш начин да се смееш на тоа, ќе ги поседуваш тие работи и ќе се справиш со нив. Исто така, и храброста тука може да ти помогне“.

„Добро.“

„И снаодливоста е исто така важна…“

„Што е тоа?“

„Се сеќаваш на времето кога бевме заклучени надвор од куќата и предложи да се качиме низ прозорецот? Тоа е снаодливост – тоа е изнаоѓање излез од тешка ситуација“.

„Што друго?“

„Љубопитност. Поставувај прашања. И преиспитај го сето она што го слушаш од возрасните – од учителите, владата, дури и од мене и од твојот татко“.

„Зошто?“

„Што зошто?“

„Само го преиспитувам тоа што го рече, како што ми кажа ти“.

„Ах, тоа е смешно“.

„Рече дека е важно да се биде смешен“.

Во овој момент мојот син се појавува и вели: „Мамо не заборавај го најважното нешто“.

„Што е тоа?“

„Четкај ги забите и не биди серко“.

Познавам некои возрасни денес кои сè уште не ја научиле таа важна животна лекција.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top