Воспитување

Најуспешните деца се борци

Сакате вашите деца да бидат успешни? Воспитувајте ги да бидат здрави борци, вели истражувачката за успешни родителски методи и новинарката со диплома од Харвард, Џенифер Брехени Валас.

Здравите луѓе што се трудат, се отпорни и самомотивирани да успеат, но не веруваат дека нивните достигнувања ја одредуваат и нивната вредност.

„Тие не се како повеќето тинејџери денес, кои се фрлени во хиперконкурентна средина на училиште, во спортот и другите активности, што доведува до зголемување на стапките на анксиозност и депресија. Децата кои се соочуваат со притисок да успеат се жртви на токсичната култура на достигнувања“, изјавила Валас.

За овој феномен таа пишува во својата книга „Никогаш доволно: Кога притисокот врз достигнувањата станува токсичен – и што можеме да направиме за тоа“, објавена во август годинава. Книгата е исполнета со интервјуа со многу психолози и спроведена анкета на 6.500 родители низ САД, од страна на Валас и истражувачи од Школата за едукација на Харвард.

Во тој процес Валас открива дека вознемиреноста на родителите за успехот на нивните деца е всушност движечката сила која стои зад растечката криза на менталното здравје кај тинејџерите. И кога родителите се загрижени, тие испраќаат потенцијално штетна порака до нивните деца – дека треба да се ценат себеси само поради своите достигнувања.

Како да одгледувате здрави борци?

Во разговор со илјадници родители, Валас открила дека најздравите деца споделуваат заедничка психолошка особина наречена „важност“. Идејата е да се чувствувате ценети во вашето семејство такви какви што сте.

„Видовме корелација помеѓу здравото ниво на самодоверба кај тинејџерите и чувството на важност и ценење од страна на нивните родители“, заклучила Валас.

Истражувањето кое го спровел детскиот психолог Ричард Вајсбурд од Харвард покажало дека самодовербата кај децата се зголемува доколку од нивните родители добиваат порака дека се разбрани. Со други зборови, разговарајте за хобијата на вашите деца и нивните интереси, нешта на кои децата се радуваат, наместо да се фокусирате на оценките и училиштето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top