Доколку терминот за породување ви е во текот на најтоплиот дел од годината, а сакате името на вашето девојче да го прикажува токму тој период, ова се неколку од најубавите летни имиња:

– Марина – морска, потекнува од морето.

– Леа – голем број бебиња што се раѓаат во лето се родени во хороскопскиот знак лав, па поради тоа родителите одлучуваат да им дадат име кое означува храброст и сила.

– Леона – име кое исто така често се дава поради хороскопскиот знак. Изведено е од латинскиот збор „лео“ што значи „лав“. Значењето на името е „лавица“, силна и горда, борбена како лав.

– Јулијана – име од латинско потекло, изведено од грчкиот збор „јулианос“ што значи „блескав“.

– Вишна – прасловенско име за дрвото чиј плод е најубав во лето.

– Јагода – назив на растение со сладок плод, се користи и како лично име.

– Малина – име на растение кое се користи како лично име, а во гренландската митологија Малина е божицата на сонцето.

– Сончица – име од словенско потекло, изведено од именката „сонце“. Во преносно значење би се опишувала личност која е „светла, сјајна, блескава, топла, нежна“.

– Ружица – деминутив од зборот „роза“, се користи како лично име за да „биде убава и да мириса како роза“.

– Невена – од името на растението невен кое спаѓа во лековити билки и цвета во текот на целото лето. Освен тоа што името се дава за децата да бидат убави и нежни како цвет, се верува и дека името порано се давало за женските деца да бидат секогаш здрави и силни.

– Ива – по лековитата тревка иви која расте на сончевите предели на големи надморски височини, а се бере во јули и август.

– Петра – изведено од машкото име Петар, што значи карпа или камен. Чести избор е на родителите кои доделуваат имиња календарски, бидејќи Петровден се слави на 12 јули.



912

X