Секоја мајка на девојче би сакала да ја научи својата ќерка да го цени придонесот на жените во светската историја, а и да ја инспирира да остави сопствен печат во светот. Со оглед на тоа што некогаш е лесно да им се влијае на девојчињата отстрана, добро е што за сите девојчиња постојат охрабрувачки пораки кои подобро ги пресликале чувствата во зборови отколку што би можеле самите да ги смислиме.

Не е едноставно да се биде девојче, а денес тие можат да се сретнат со истите проблеми што ги блокирале нашите генерации, и генерациите на нашите мајки – стереотипи, објективизација, дискриминација, навреди, малтретирање, злоупотреба, посрамотување на телото, исмевање. Овие генерации имаат и дополнително влијание од медиумите, што на некој начин може да биде благослов, но и огромно проклетство. Нашите ќерки треба да добијат што е можно повеќе охрабрување, заедно со примери кои треба да ги инспирираат да бидат најдобра верзија на себеси.

За вас и за вашите ќерки, ги издвојуваме најубавите пораки што ќе ве инспирираат да сфатите дека сте семоќни, затоа што навистина сте тоа – жени сте!

1. „Се надевам дека знаеш дека си способна, и силна, и значајна. Дури и кога не се чувствуваш така!“
Непознат автор

2. „Немој да се менуваш за луѓето да те сакаат. Биди она што си, а вистинските луѓе ќе ја сакаат вистинската ти“.
Непознат автор

3. „Мораш вистински да се сакаш себеси за да направиш нешто во овој свет“.
Лусили Бал

4. „Ништо не е невозможно. Светот сам говори: ‘Јас сум возможен!‘“
Одри Хепберн

5. „Не прави компромиси со себе. Ти си сè што имаш“.
Џенис Џоплин

6. „Диши, душо моја. Ова е само поглавје, а не целата твоја приказна“.
С. К. Лури

7. „Не обвинувај ги родителите, не обвинувај го момчето, не обвинувај ги околностите. Прифати ја реалноста, прегрни го предизвикот и соочи се со него. Биди одговорна за сопствениот живот. Претвори го негативното во позитивно и биди горда што си жена“.
Дајен фон Фурстенберг

8. „Во животот ќе го добиеш она што ќе имаш храброст да го побараш“.
Опра Винфри

9. „Мораме да ги учиме нашите ќерки дека ако можат да го искажат своето мислење, можат да создадат свет каков што сакаат“.
Робин Силверман

 



912

X