Имам 4 деца на возраст од 2 до 8 години. Никогаш не бев од оние што само седат дома, па често посетуваме кафулиња, продавници и ресторани. И често луѓето ме застануваат со речениците: „Вие имате полни раце работа…“ – вели Џесика Кушман Џонсон, која го води блогот wonderoak.com.

Иако е многу зафатена, по раѓањето четири деца тврди дека со првото дете ѝ било најтешко. Еве зошто:

Немате поим што правите

Мислев дека штом ќе го родам првото дете одеднаш ќе знам сè за мајчинството. Но, тие први денови повеќе изгледаа како епизода од реалното шоу „Опстанок“. Постојано плачење на бебето и прашањата од свекрвата (ветеран во воспитување деца) зошто плаче? Немам идеја, ако вие не знаете, тогаш имам проблем.

Може никогаш нема да бидете експерти, но со текот на времето ќе ги научите сите трикови и ќе ви биде полесно бидејќи никој не знае сè за мајчинството.

Имате повеќе време за грижење

Со првото дете имате повеќе време да се грижите за сè и сешто. На пример, дали вашето дете ќе има неуспеси во животот или дали денешното време е вистинско за да добиете дете. Со другото и третото дете веќе не размислувате за тоа бидејќи немате време. Со секое следно дете полесно го прифатив своето ограничување. Имате комплетна криза на идентитет.

Многу мајки се чувствуваат како веќе да не знаат кои се

Велат дека е нормално по породувањето да се чувствувате депресивно, луто, збунето… Тоа е дел од заздравувањето. Секое бебе претставува нов почеток, но со првото е најтешко. Потоа е полесно, како што велат: „Еднаш мајка – засекогаш мајка“.

Убедени сте дека сето ова ќе трае засекогаш

Кога ќе добиете дете, никако не можете да си го замислете животот „после“. Кога го доите вашето бебе 47 пати во текот на ноќта, мислите: „Ова е крај. Ова е сега мојот живот“. Имате ноќни кошмари дека ќе спие на вас и на 12 години. Кога се будите со траги од млеко на вашата блуза, си мислите: „Ова го избрав. И морам да живеам со тоа“.
Меѓутоа, откако ќе дојде и другото дете, ќе сфатите колку брзо сè поминува. Многу лесно прифаќате сè.

Има многу изненадувања

Доењето звучи многу полесно сè додека не добиете бебе. А тоа како да знае кога вие заспивате и баш тогаш се буди. Без разлика што сте слушнале пред да имате дете, најдобар учител е сопственото искуство.

Се сомневате во себе и во вашите способности

Советниците се појавуваат како печурки. Тие се во продавницата, на улица и во вашето семејство. Некогаш мислевте дека постојат одредени социјални граници што не смеат да се преминуваат. Но, кога вашата сосетка ве прашува колку сте се здебелиле во бременоста, сфаќате дека подигањето на детето е тежок нов свет. Кога бев нова мајка, луѓето постојано ми зборуваа дека детето ми е гладно. Се сомневав во себе. Со другото, третото и четвртото луѓето ме сметаа за експерт и не ми делеа совети. Ја развив самодовербата и прифаќам само добри работи, а лошите ги отфрлам.

Сè е многу пострашно со првото дете

Првата настинка. Првото воспаление на увото. Може да биде и судниот ден, никој не може да ве убеди во спротивното. Дури ни јас сега. Кога моето најстаро дете првпат ме излажа, плачев. Сериозно. Своите грижи ги поделив со своите пријатели. Сите ме храбреа со зборовите дека може малку претерувам, но јас си мислев: „Хм, тој има 3 години“. Очигледно го уништив. „Спротивно на тоа, кога моето трето дете првпат кажа пцост, без размислување ја повторив пцоста за да видам дали ќе ја повтори“. Со време ќе сфатите дека секое дете минува низ некои фази и тоа не е ваш неуспех, туку тие едноставно се деца.

Имам полни раце работа со четири деца, но со ништо не може да се спореди кога првпат добив дете. Беше тешко, но со време станува полесно. Мојата сестра мудро ми рече: „Хаосот со бебињата и децата ќе трае некое време, но кога ќе замислиш како би изгледал семејниот ручек за 20 години, ќе сфатиш дека е вредно сето ова“.



912

X