Најтешката работа што некогаш ја направив беше одгледувањето на моето прво дете.

Не се сеќавам дека сум била поизморена, поосамена и повознемирена во мојот живот. Да, колку повеќе работиш, оптоварувањето од работата расте, но за мене, ништо не е слично на шокот кој те погодува кога дома го носиш своето прво бебе.

Запомнете ги овие работи:

ништо не е трајно, немојте да чувствувате дека сте се изневериле себеси, дека сте креирале чудовиште или на кој било начин сте го отежнале животот преку разгалување на вашето бебе. Секој ден е различен, некои денови бебињата спијат и вие ги миете забите, некои денови бебето не спие и вие го лулате во ќошот зјапајќи во ѕидот.

Времето поминато во уживање со самиот себе не е потрошено време. Нема ништо поважно од вашето ментално здравје. Секој ден правете што го сакате. Можеби тоа е трчање, можеби е гледање видеа со мачки на „Јутјуб“.

Некои мајки изгледаат како сè да им дошло природно – имаат совршена фризура и скапа детска количка, но во себе посакуваат да побараат развод и да запалат цигара. Тие се само приватни кралици, па затоа го прават тоа внатрешно.

Сите се бориме.

Вагиналното породување, доењето и спиењето со бебето се супер, но тука се и царскиот рез, адаптираното млеко и дадилките. Твојата среќа е поважна од сето тоа. Чувствуваш силна поделба помеѓу партнерот и себеси, имаш чувство дека едноставно не те разбира. Знаеш што? Веројатно не те разбира во моментот, но ќе те разбере, ќе научи да разбере. Поделбата ќе се намали и повторно ќе се чувствувате поврзани.

Вие успевате. Секој нов ден значи дека сте издржале, успевате, без сон, со силни врескања, брачни несогласувања, без губиток на килограми по породувањето, вие успевате. Вие сте приказна за успехот, она што го правите е феноменално и емоционално исцрпувачко.

Немојте да го заборавите тоа!

Автор: Констанс Хол

Извор



912

X