Најтешка работа ми беше кога станав мајка првпат. Не се сеќавам дека некогаш во животот сум била поизморена, поосамена или толку преплавена со емоции. Да, колку повеќе работиш, оптоварувањето со работата расте, но за мене, не е ништо слично на шокот што те погодува кога ќе дојдеш дома со првото бебе.

Запомнете, ништо не е трајно, немојте никогаш да се чувствувате како да сте промашени, како да сте создале чудовиште или на кој било начин сте си го отежнале животот бидејќи сте го разгалиле бебето. Секој ден е различен. Некои денови бебето спие, а вие ги миете забите, други денови не спие, а вие се лулате во ќошот од собата зјапајќи во ѕидот.

Времето потрошено на себе не е изгубено време. Ништо не е поважно од вашето ментално здравје. Направете нешто што вие го сакате. Можеби е тоа трчање, можеби е гледање видеа на „Јутјуб“ за смешни мачки. Некои мајки изгледаат како сè да им дошло природно. Имаат совршена фризура и скапа детска количка.

Сите се бориме. Вагиналното породување, доењето и спиењето со бебето се супер, но и царскиот рез, адаптираното млеко и дадилките. Вашата среќа е поважна од што било.

Чувствувате голема поделба помеѓу партнерот и вас, мислите дека тој едноставно не разбира. Знаете што? Веројатно не разбира сега, но ќе разбере, ќе научи да разбира. Поделбата ќе се намали и повторно ќе се почувствувате поврзани. Успевате. Поминувате секој ден, успевајќи, без спиење, со гласно врескање, брачни сломови, без губиток на килограми по породувањето, вие успевате.

Вие сте кралска приказна за успехот, тоа што го правите е феноменално и емоционално исцрпувачки. Немојте никогаш да го заборавите тоа!

Автор: Констанс Хол

Извор



912

X