Двојката која заедно има 202 години најверојатно го собори Гинисовиот рекорд. Имено, претходните рекордери биле Дорин и Џорџ Кирби од Англија, кои заедно имале 194 години кога се венчале на 13 јуни 2015 година.

Марџори Фитерман (102) и Берни Литман (100) се венчале на 19 мај оваа година, откако се сретнале во старски дом пред речиси десет години. Новопечениот пар од Филаделфија докажува дека никогаш не е доцна за брак, а нивните семејства се многу среќни за нив.

Внуката на Берни, Сара Сичерман, изјавила дека е одлично што нејзиниот дедо нашол жена „со која се дружи и прави разни активности“. Таа додала дека тие се многу среќни што се нашле и добро се поддржувале за време на пандемијата.

-Следната недела мојот 100-годишен дедо се жени со својата 102-годишна девојка! – напишала претходно Сара на „Фејсбук“.

Неговото семејство истакнало дека неговите планови да се ожени со Марџори биле изненадување бидејќи претпоставувале дека ќе продолжат само да се дружат.

Рабинот Адам Волберг, кој го венчал парот, рекол дека тие дошле до точка каде што веќе „не се само блиски пријатели – туку маж и жена“.

Постои шанса младенците да се сретнале одамна бидејќи во исто време студирале на Универзитетот во Пенсилванија. Имено, Марџори и Берни оделе на ист универзитет, но не се познавале. Со различни дипломи во различни оддели, тие сè уште не знаеле еден за друг во тоа време.

Ќерката на Берни, Сара, изјавила дека двојката се пријавила за Гинисовата книга на рекорди, но засега е „на чекање“. Сепак, таа и нејзиното семејство веруваат дека младенците се најстариот брачен пар, осум години постар од актуелниот шампион.

Извор



912

X