Неодамна родителите на „Редит“ ги споделија најсмешните работи што им ги кажале пријателите и луѓето од околината што немаат деца. Некои од коментарите се навистина урнебесни, па ви ги пренесуваме во продолжение.

1. Не излегуваш со нас?

– Пријателите организираа излегување и цела вечер ме молеа да одам во град таа вечер. Останаа шокирани кога им кажав дека никако не можам да натерам некој да ми го чува детето.

2. Ќе се наспиеш кога ќе родиш!

– Кога бев бремена, не можев да спијам добро бидејќи секоја положба ми беше неудобна. Па, еден пријател добронамерно ми рече: „Веројатно едвај чекаш да родиш за конечно да се наспиеш!“

3. Вечера за тројца

– Го однесовме нашето бебе на свадба кога имаше два месеца, а тие поставија и столче на маса заедно со вечера и прибор за јадење.

4. Креативен подарок

Неодамна ги посетивме нашите пријатели кои немаат деца, но навистина го сакаат моето дете. Кога слушнаа дека моето дете обожава загатки и сложувалки, му донесоа една од 1.000 делови. Моето дете има три години.

5. Дете или маче

– Кога го добив син ми, мојот роднина ме праша: „Дали очите му се отворени?“ Како да добив маче, а не дете.

6. Годишен одмор

– Кога отидов на породилно отсуство за моето трето дете, мојот шеф ми рече: „Уживај во одморот“.

7. Специјален стол за бебиња

– Кога бев бремена и избирав столче за хранење, мојот сопруг ми рече: „Дали навистина е потребно? Зошто да не го ставиме бебето на обичен стол?“

8. Зошто не јаболка?

– По породувањето се обидував да дојам. Отидов во бањата, а кога се вратив, мојот сопруг го хранеше новороденчето со јаболко.

9. Мал гениј

– Мојот сопруг смислеше дека децата почнуваат да зборуваат на 3 месеци, па ја праша нашата пријателка дали нејзиното четиримесечно бебе веќе кажува нешто.

10. Боењето поправа сè

– Работев од дома кога бебето наполни 6 месеци, па ми беше тешко за време на конференциските повици истовремено да го забавувам бебето. Така, сопругот ми рече: „Не грижи се, ќе биде полесно кога ќе наполни 12 месеци, ќе може да седи еден-два часа со боенката“.

11. Зошто ни е количка?

– Кога купувавме опрема за бебето, мојот сопруг не можеше да ја разбере потребата за купување количка велејќи: „И онака ќе го носиме бебето“. Она што е смешно е дека имавме близнаци.

12. Кученце е одлична идеја

– Кога бев бремена, мислев дека ќе го имам целото слободно време на светот за време на породилното отсуство и на сопругот му предложив дека ќе биде идеално време да си посвоиме кученце. Секако, сега сфаќам дека идејата беше луда.

13. Спиење во сабота

– Еден пријател кој нема деца ме праша дали моето бебе ќе спие подолго следното утро затоа што беше сабота. Слатко ме насмеа!

Извор



912

X