Детето родено со тежина помала од половина килограм ги победи црните предвидувања и го прослави својот прв роденден.

Кога Ричард Скот Вилијам Хачинсон се роди пет месеци предвреме, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најрано родено бебе досега. Сепак, лекарите ги подготвиле неговите родители за најлошиот исход. Бебето добило 0 отсто шанси за преживување.

Ричард бил роден 131 ден пред терминот за породување во детска болница во Минесота откако неговата мајка претрпела компликации што предизвикале породилни болки. Тој бил толку мал, што го собирало во дланката на неговите родител и тежел 311 грамa.

– Нашиот неонатолошки тим сметаше дека бебето нема шанси да преживее. Знаевме дека неговите први недели од животот ќе бидат исклучително тешки, но знаев дека ако успее да ги помине, ќе преживее – вели д-р Стејси Керн.

Поради пандемијата на ковид-19, родителите на Ричард не можеле да бидат до него во болницата, а другите членови од семејството не можеле да го посетат.

– Сакавме да бидеме таму и да му дадеме поддршка, па секој ден одевме во болницата – изјави таткото на бебето.

Во декември 2020 година, по шест месеци поминати во болница, момчето било пуштено дома.

– Тој ден беше навистина посебен. Се сеќавам дека го подигнав од креветчето и го држев в прегратка, а очите ми беа полни со солзи – додава таткото. Тој не можел да поверува дека се работи за истото мало момче на кое му биле дадени нула шанси за преживување.

– Сето ова за нас сè уште е нереално, но среќни сме и ја споделуваме неговата приказна за да ја зголемиме свеста кај луѓето за предвреме родените бебиња – истакнува мајката на Ричард.

Пред еден месец Ричард го прослави првиот роденден.

Извор



912

X