Адија и Адријал Надараџа се родени на 126. ден од бременоста. Целосната бременост обично трае околу 40 недели, што значи дека канадските близнаци се родени 18 недели порано. Нивната мајка, Шакина Рајендрам, рекла дека породилните болки ѝ почнале во 21. недела, а лекарите ѝ кажале дека нејзините бебиња имаат „0 отсто шанси да преживеат“. Тоа била нејзина втора бременост, откако ја загубила првата неколку месеци претходно во истата болница, во близина на нивниот дом во Онтарио.

Кевин Надараџа, таткото на близнаците, рекол дека од болницата им кажале оти нема да можат да им помогнат со толку рана бременост. Имено, повеќето болници не се трудат да спасат бебиња родени пред 24-26 недела, но за среќа двојката се префрлила во друга болница во Торонто која има специјализирана единица за неонатална интензивна нега. И покрај обилните крвавења, мајката издржала уште неколку часа за да влезе во 22. недела од бременоста за лекарите да реагираат. Неполни два часа по влегувањето во 22. недела од бременоста. се родиле децата.

И покрај сериозните здравствени проблеми што ги имале по раѓањето, близнаците Адија и Адријал го прославиле својот прв роденден.

„Неколку пати ги гледавме нашите бебиња на работ на смртта“, се присетила мајката Шакина Рајендрам. Адријал доживеал перфорација на дебелото црево, што довело до инфекција на крвта и тешко воспаление. За среќа, по пет месеци поминати во болница, близнаците закрепнале и биле пуштени дома. И двајцата сè уште се под надзор на разни специјалисти, но одлично напредуваат.

Автор: Ема Јуриќ

Извор



912

X