Училишните денови станаа многу позабавни за децата во Копенхаген затоа што часовите привремено се одвиваат во градините „Тиволи“ и другите атракции за туристите.

Данската влада неодамна објави дека децата до 11 години можат да се вратат во училиште и градинка, со оглед на тоа што е обезбеден повеќе простор за социјално дистанцирање, а фокусот е на учење на отворено.

Како и повеќето атракции за посетители низ светот, и зоолошката градина во Копенхаген, Националниот музеј на Данска и фудбалскиот стадион „Копенхаген“ морале да бидат затворени за да се спречи ширењето на коронавирусот. Заедно со другите спортски и културни асоцијации, овие институции доброволно ги отстапија отворените места за децата да учат во нив.

Мерките за социјално дистанцирање вклучуваат секое дете да има простор од 1 квадратен метар и 2 метра за време на ручек. Сите активности се одвиваат надвор, кога е можно, и се спроведуваат соодветни постапки за дезинфекција и чистење.

– Среќни сме што можеме да помогнеме и навикнати сме на децата. Имаме простор во градината што во моментот не се користи бидејќи „Тиволи“ е затворен поради Ковид-19 – изјави директорот на „Тиволи“, Ларс Либст.

Извор



912

X