Една од најконтроверзните и најопасни играчки – „Атомик енерџи лаб кит“ им овозможувала на децата да експериментираат со ураниум. Иако била едукативна, оваа играчка исто така била и радиоактивна. За среќа, била во продажба само неколку години.

За време на играта децата често се повредувале. Колку и да биле играчките приспособени на нивната возраст, често незгодите биле неизбежни поради пропусти на произведувачот. Таков е случајот и со „Атомик енерџи лаб“, мини-нуклеарна лабораторија наменета за деца.

Темата за атомската енергија на средината од 20 век доживеала вистински бум, па компанијата „А.С. Гилберт“ во 1950 година одлучила да ја искористи можноста и на пазарот лансирала хемиски сет за деца. Намерата била да им се овозможи на децата да создаваат и да гледаат нуклеарни и хемиски реакции користејќи радиоактивен материјал.

Во сетот наменет на „младите научници“, кој им овозможувал да изведат повеќе од 150 експерименти, меѓу другото, имало и ураниумска руда и три различни извори на радијација. Исто така, со сетот пристигал и прирачник – проспект за ураниум, дури и образец за нарачување резервни радиоактивни извори. Децата исто така имале можност да користат спинтарископ, уред кој им овозможувал да го пресметаат зрачењето добиено со јонизирано зрачење и фосфор.

За среќа, играчката била во продажба само во текот на 1952 и 1953 година, а во САД можела да се купи за 50 долари.



912

X