Игротека

„Опушти Се Бре“ или ОСБ – метод на воспитување

Овој текст го напиша еден татко и стана толку популарен што само на неговиот блог има над 160.000 лајкови и уште десетина илјади по другите страници. Таткото Давид Виена, драмски писател и сценарист го објаснува ОСБ-методот на воспитување:

– Знам дека многу луѓе сакаат да бидат во тек со најновите родителски методи и трендови – слободно одгледување на децата, интензивно родителство, хеликоптер родителство, мрзливо родителство итн.
Е па, налетав на нова техника која гарантира дека твоето дете ќе порасне во студент и граѓанин за пример. Се вика ОСБ-метод, а тоа е скратеница од „Опушти Се Бре“. И тоа не е порака што треба да им ја пренесеш на своите деца. Таа е за тебе.

Примената на ОСБ-методот гарантира дека кој тип родителство и да го одбереш – твоето дете ќе биде во ред (додека не претераш, секако). За да сфатиш како тоа изгледа во практика, еве неколку родителски сценарија и примери како може да се примени ОСБ-методот.

– Се загрижи затоа што детето на твојот пријател ја научи азбуката побрзо од твоето дете? Опушти се бре.
–  Се плашиш дека нема да му ја пренесеш на детето сета мудрост што ќе му биде потребна да ги совлада школото и животот? Опушти се бре.
– Мислиш дека не си родител каков што си сакал да бидеш? Опушти се бре.
– Се нервираш зашто твоето дете не покажува интерес за одредени работи? Опушти се бре.
– Под стрес си зашто твоето дете се однесува срамно во јавност? Опушти се бре.

Да, со примената на ОСБ-методот ќе видиш дека притисокот се спушта и ќе сфатиш дека твоето дете те сака, без оглед на сè, дури и ако допрва треба да ја совлада азбуката.

Ќе научиш дека и без разлика дали навистина си најдобар родител на светот, сè додека го сакаш своето дете, тоа ќе мисли дека си, и тоа е најважно.

Покрај тоа, ОСБ-методот ќе те направи имун на оние што се молат за стравовите на новите родители, како што се псевдонаучниците и авторите на книги за родителство.

За ефикасно да го примениш ОСБ-методот, само следи ги следниве чекори:
1. Опушти се бре!
2. Нема друг чекор!

Затоа, игнорирај ги сите трендови на родителството и држи се до ОСБ-методот. Ќе ти биде драго што го правиш тоа, а и на твоето дете.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top