Вкупно 148 заболени меѓу кои двајца доктори и медицинска сестра од Куманово позитивни
на коронавирусот во нашата земја е билансот до денеска напладне. На Инфективната клиника во моментов има 29 пациенти. Од нив една пациентка е во тешка состојба. Шест пациенти се со потешка слика, ама не се на респиратори, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Најстариот заболен има 91 година.

Најмалото заболено дете е од Скопје и има 2 години.

– Станува збор за семејство од Скопје, со локална трансмисија од други лица. Заразени се и родителите и детето. Тие се во стабилна клиничка состојба и се на домашно лекување – рече министерот.

Одделението за трансфузиологија во Охрид е целосно затворено, зашто персоналот бил во контакт со лице кое било пациент и отишло да подигне терапија, дошло преку систем „Мој термин“, а бил позитивен на коронавирусот. Сите десет вработени се во домашна изолација. Целосно е преземена службата за трансфузиологија од одделнието во болницата „Еразмо Ротердамски“. Крвоснабдувањето во ниту една здравствена установа во Охрид не е загрозена.

На новинарско прашање Филипче објасни дека тестовите што се користат во Македонија се германски.



912

X