Бригс Дарингтон е тригодишно момче од Америка кое на една година станало вистински инфлуенсер. Во првите 12 месеци од својот живот тој патувал во 16 американски држави, меѓу кои Канзас, Јута, Аризона, Флорида, Алјаска и Ново Мексико, и заработувал по илјада долари месечно од спонзорства. Дури и пелените и влажните марамчиња ги добивал бесплатно.
Бригс е роден во Ајдахо Фолс, а неговите родители Џес и Стив се блогери кои патуваат низ светот. Бригс, кој е роден на 14 октомври 2020 година, отишол на своето прво патување кога имал само три недели. Станува збор за полуксузно кампување во Небраска, а тој првпат летал во авион кога имал само 9 недели. Најдолгиот лет траел околу осум часа, а се реализирал од државата Јута до Хаваите.
Оттогаш, тој се дружел со мечки во Алјаска, уживал во играњето со балони во Албакерки, Ново Мексико, гледал волци во Националниот парк Јелоустоун и пливал на плажите во Калифорнија. Неговата мајка Џес верува дека тој би можел да биде најмладиот патописец на светот. Приказните за патувањата на Бригс собрале огромен број следбеници, па тој има речиси 300.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
-Водев блог наречен „Туристи со скратено работно време“ неколку години. Но, кога забременив со Бригс во 2020 година, бев навистина нервозна затоа што се плашев дека мојата кариера е завршена. Сопругот и јас навистина сакавме тоа да функционира. Така почнав да барам профили на социјалните мрежи за патувања на бебиња, но не можев да најдам. Има еден куп за детски патувања, но ништо наменето за бебиња – објаснила Џес.
А од оваа година на патувањата им се придружува и неговата помала сестра Џес, која е родена во мај годинава.