Најголемиот јунак, најмалото бебе предвреме родено во 23. гестациска недела од бременоста на мајката или додека била бремена пет и пол месеци, на Клиниката за гинекологија и акушерство, денес ќе си оди дома.
Бебето се родило со тежина од 700 грама. По 4-месечен престој на Интензивната нега на клиниката, како што информираат оттаму, денес тежи 2.450 грама.
Медицинскиот персонал ќе го испрати дома кај неговите родители.