Исто како возрасните, и децата одвреме-навреме се вознемируваат или се лутат. Психотерапевтот Рејчел Снајдер, која е специјализирана за тинејџерска анксиозност, депресија и траума, открива дека има една работа што родителите никогаш не треба да му ја кажат на детето кога е вознемирено, исплашено или луто.

Тоа е фраза што ја користат многу родители, а таа гласи „смири се“.
Како што објаснува таа, ако му кажете на детето да се смири, не го поттикнувате неговиот интелектуален раст и не промовирате здрави вештини за справување. Наместо тоа, оваа изјава предизвикува вашето дете да се чувствува како да мора да ги игнорира сопствените чувства, но и дека не е во ред да плаче.

„Тоа му кажува на детето дека изразувањето емоции не е прифатливо или соодветно, нешто што не би го препорачала на ниту еден родител бидејќи тој пристап не е здрав“, предупредува Снајдер.

Овој пристап може да влијае и врз детето кога ќе порасне. Според Снајдер, кога емоционалните потреби на една личност се потиснати во детството, тие се борат со нив во зрелоста.

„Постојат возрасни кои ги задржуваат своите емоции или целосно ги игнорираат затоа што во одреден момент од животот им било кажано дека не е во ред да ги изразат јасно и отворено“, додава таа.

Извор



912

X