Мајка на три девојчиња, Татјана Трајковиќ, на својот фејсбук-профил сподели една кратка приказна од секојдневниот живот со која на најискрен и најубав начин ја опиша таа нераскинлива, посебна врска помеѓу мајката и детето. Нејзините зборови ќе ве трогнат и ќе ве насмеат.

Ова е приказната на Татјана, но и приказна на сите мајки…

„Пред некој ден Марта ја заболе стомакот. Мајка ми ме праша што ѝ е, па ѝ реков: – Оди боса по цел ден, па нормално ќе ја боли.

Вчера ѝ се пожалив на мајка ми дека ме боли глава, а таа ми рече: – Нормално е да те боли, одиш без капа на овој ветер, залудно ти зборувам…

Утрово ми се јави мајка ми, едвај зборуваше, ме замоли да ѝ купам леб. Отидов кај неа дома, а таму седеше мојата баба и ми рече: – Оди со онаа тенка јакна, ѝ велам да се облече, но не сака да слуша!

Слушајте ги своите мајки“.

Извор



912

X