Да се биде родител е важна улога. Треба да се грижите за децата, да ги воспитувате, да ги насочувате. Денес голем дел од возрасните одлучуваат да немаат деца, а причините за тоа се различни. На пример, понекогаш веруваат во некои заблуди. Кои се тие заблуди, споделуваат неколку родители на веб-страницата „Базфид“

– Да ги воспитувате децата и да ги гледате како растат, учат и ги развиваат нивните личности е неверојатно и забавно. Да, има многу работа и тешки моменти, но тоа не е кошмар, како што понекогаш се прикажува на социјалните мрежи.

– Имам идентитет и живот надвор од децата и семејството. Вистина е дека ми одземаат многу време и емоции, но мојата сопствена улога е многу важна за мене. Лудо е да веруваш дека немаш живот ако немаш деца. Најмногу зависи од приоритетите и организацијата.

– Големата заблуда е дека ќе се изгубите себеси кога ќе станете родител. На почетокот, тешко е да се одвои родителството од она што сте биле пред непроспиените ноќи, недостигот на сон и други грижи. Но, тоа се менува со текот на времето. Враќањето на работа ми помогна. И колку се поголеми децата, толку повеќе сум своја.

– Мислам дека најголемата заблуда е дека со децата времето брзо минува. Тоа не е точно.

– Оние што немаат деца мислат дека сме мизерни и живееме во моментите кога не сме со децата. Децата дефинитивно можат да те исцрпат, не е пријатно да се будиш мамурен и да се грижиш за три деца, но многу ми недостигаат кога не сум со нив. Понекогаш толку многу што физички боли.

– Заблуда е дека можете да спиете кога бебето спие. Имам други деца за кои треба да се грижам кога бебето спие.

– Луѓето без деца мислат дека не сме флексибилни ако не сакаме да се дружиме кога е време за дремка. Ако моите деца не заспијат, тие се претвораат во гремлини и имаме проблеми навечер. Жал ми е што не можеме да ручаме кога им одговара, но не сакам да бидам жртва на бесот на моите деца

– Заблуда е дека децата бараат многу пари. Да, тие чинат пари, но не мора да се биде милионер.

– Имам три деца и никогаш не ми се полни рацете, како што мислат луѓето. Но, срцето ми е полно.

– Ми пречи што луѓето мислат дека мојот секојдневен живот е како одмор бидејќи сум дома со децата.

– Заблуда е дека сè станува полесно со годините. Не е така. Само станувате потолерантни и малку глуви на врескање и плачење.

Извор



912

X